Искази Flashcards
I колоквиум
Што е исказна логика?
Исказната логика е логика на сложени искази кои се градат од поедноставни реченици и користење на т.н. Булови сврзници.
Примена на исказна логика во информатиката има во:
- дизајнирање на дигитални електронски кола
- изразување на услови во програми,
- прашалници за бази на податоци и машини за пребарување
Како се означуваат исказите?
Исказите се означуваат со мали латински букви: p, q, r, …кои се нарекуваат и исказни променливи.
Што е исказ?
ИСКАЗ е декларативна реченица (т.е. изјава) со одредено конкретно значење, која е точна или неточна, но не и двете или нешто „помеѓу“.
* Може и да не ја знаете соодветната вистинитоснавредност.
* Вистинитосната вредност може да зависи од ситуацијата или контекстот.
Како се означува вистинитосната вредност на исказите?
Вистинитосната вредност на исказот се означува со:
* Т ако исказот е точен
* неТ или F ако исказот е неточен