Лекарства за ГИ Заболувања I - лекарства за пептичен улкус Flashcards
(9 cards)
Кои групи на лекарства се користат за лекување/менаџирање на пептичен улцер и ГЕРБ?
- Антимикробни лекарства
- Х2 хистамински рецептор блокатори
- Инхибитори на протонска пумпа
- Простагландини
- Антимускарински агенси
- Антациди
- Мукопротектори
Кои антимикробни лекарства се користат при лекување на пептичен улкус?
Amoxicillin
Clarithromycin
Metronidazole
Tetracycline
Соединенија на бизмут
Четворна терапија:
бизмутско соединение + тетрациклин + метронидазол + инхиб. на протонска пумпа
Тројна терапија:
амоксицилин (или метронидазол) + кларитромицин + инхиб. на протонска пумпа
Кои се претставници на Х2 рецептор антагонисти и на кој механизам делуваат?
Famotidine
Cimetidine
Ranitidine
Nizatidine
Делуваат само на Х2 хистаминските рецептори, а со тоа го блокираат дејството на хистаминот, кој е клучен во стимулирањето на лачење хлороводородна киселина
Кои се тераписките индикации и несаканите ефекти на Х2 хистамински антагонисти?
- Тераписки индикации: пептичен улцер, акутен стресоген улцер, ГЕРБ. Сепак, PPI се примус лекарства за овие состојби.
Можат да се користат кај “киселини” од стрес, анксиозност исл. - Несакани ефекти: добро се толерирани
Кои се инхибитори на H/K-ATPase протонска пумпа и кој е нивниот механизам на дејство?
Pantoprazole
Omeprazole
Lansoprazole
Esomeprazole
Rabeprazole
Dexlansoprazole
Бидејќи се дисоцираат во алкална средина, тие се со гастропротективен филм (да не се кршат!). Се ослободуваат во дуоденум и дифундираат во крвотокот. Ја блокирааат АТПазната протонска пумпа.
Кои се тераписките индикации и несаканите ефекти од PPI?
Тераписки индикации:
- Пептичен улцер
- ГЕРБ
- Ерозивен езофагит
- Патолошка хиперсекреција на киселини (пр. Zollinger-Ellison синдром)
- Стрес улцер (после траума, операција исл.)
Несакани ефекти: генерално со намалената киселост во желудникот, имаме намалена апсорпција на Б12, како и на калциум карбонат, а со тоа се зголемува кршливоста на коските (ова се јавува после година земање на PPI)
Се даваат суплементи на калциум (калциум цитрат).
Да се внимава доколку има дијареа неколку дена со ред
Објасни го дејството, индикациите и несаканите ефекти на користење простагландин Е- аналози?
Misoprostol
Како аналог, го имитира дејството на простагландин Е, кој се лачи и има гастропротективен ефект (инхибиција на HCl и стимулација на мукус и бикарбонати).
Се препорачува како профилактички кај постари лица кои имаат рекурентен гастрит особено со користење н НСАИЛ.
Најчест несакан ефект е дијареа
Контраиндициран кај бременост!!!
Објасни ги антацидите?
Тие се соли на алуминиум или магнезиум.
aluminium hydroxide
magnesium hydroxide, magnesium carbonate
calcium bicarbonate
Тераписки индикации: главно за симптоматско олеснување кај гастрит/улкус, ГЕРБ исл. Се администрираат после јадење за максимален ефект.
Објасни ги на кратко мукопротективите?
Sucralfate: се активира во кисела pH, па затоа не можи да се администрира со инхибитори на HCl.
Bismuth subsalicylate
bismuth subcitrate (слабо протективно, повеќе се користи како антимикробен агенс за H.pylori)