Заемно дејство на спроводникот низ кој тече струја И Магнетното Поле Flashcards
(10 cards)
Што се случува кога низ спроводник тече струја ?
Експериментот покажува дека на спроводник низ кој тече струја дејствува сила во насока која е едновремено нормална на насоката на магнетното поле и нормална на насоката на течење на струјата
Како се нарекува силата со која магнетното поле дејствува на спроводникот низ кој тече струја ?
Амперова сила
Што ни укажува Флемингови правило на лева рака ?
Силата е правопропорционална на јачината на струјата
Што претставува магнетна индукција?
Магнетна индукција претставува силата со која магнетното поле дејствува на спроводник со должина од 1m и низ кој тече струја од 1A, кога спроводникот е поставен нормално на магнетните силови линии.
Дефинирај магнетна индукција !
Магнетното поле е со индукција од 1T ако на тоа поле дејствува сила од 1N на спроводник низ кој тече струја од 1A ,при што спроводникот е поставен нормално на насоката на магнетното поле.
Какви се силовите линии каде што полето е појако ?
Онаму каде што полето е појако таму и линиите се погусти
Равенка за Амперова сила
Fm = BIL*sinalpha
Равенка за магнетна индукција !
T = 1N / 1A*1m
Дефинирај магнетен флукс !
Магнетен флукс од 1 Wb, ако магнетната индукција на површината низ која силовите линии поминуваат нормално е 1T, а плоштината изнесува 1 m^2
Равенка за магнетен флукс
Ф = BScosalpha