Нарушување и постелка Flashcards
(74 cards)
Што би се случило ако се оплоди со 2 сперматозоиди?
Резултатот би бил триплодија (3n)
Како настануваат двојајчаните близнаци?
- Кога две ооцити ќе се оплодат со 2 сперматозоиди.
Плацентата не може да ја превземе улогата на:
кардиоваскуларниот систем
Како се нарекува структурата преку која се одвива размена на материите меѓу мајката и плодот?
- плацентарна мембрана
Монозиготните близнаци можат да настанат со:
- поделба на ембриобластот и формирање на два ембриона
На која вродена аномалија може индиректно да укаже полихидрамнионот?
аномалии на CNS и постоење на езофагеална атрезија, заради која плодот не може да голтга од амнионската течност
Диамнионски монохорионски монозиготни близнаци се формираат при:
Раздвојување во стадиум на бластоцита
Како се нарекува хромозомската аберација при која е присутен прекуброен хромозом?
_____________
Пример кај соматски клетки: __________________
Пример кај полови клетки:
____________________
- тризомија
- Даунов синдром (тризомија на 21-от хромозомски пар)
Клеинфелтров синдром (ХХУ)
Хипопластичен орган е:
- недоразвиен
Кои структури на плацентата ги раздвојуваат двата генетски различни организми и на кој дел од плацентата припаѓа секоја структура_______________
Како настануваат тие?
______________
- Цитотрофобластната покривка или школка (placenta foetalis)
- Decidua basalis (placenta materna)
Цитотрофобластната школка настанува така што непосредно пред decidua basalis цитотрофобластните клетки го потиснуваат синцициотрофобластот странично, полиферирајќи и обложувајќи ја decidua basalis.
Decidua basalis настанува со функционално видоизменување на фибробластите од стромата на ендометриумот.
Зошто се форимира цитотрофобластната школка во плацентата?
За да ги раздвои двата генетски различни организми и да ги прикрепи хорионските ресички за decidua basalis.
Преку кои структури доаѓа содржината во него?
- 80-100 спирални ендометријални артерии
Куса папочна врска имз за последица
рано одлепување на плацентата за време на актот на раѓањето
Наведете 3 структури кои партипицираат во создавањето на амнионската течност:
- амнионски епител
- ендометриумот
- уринарниот и респираторниот тракт на плодот
Моноамнионски монохорионски монозиготни близнаци се формираат при
сепарација на двослојниот ембрионален штит
Опиши ја градбата на funiculus umbilicalis и објасни ја градбата на секоја структура:
2 умбиликални артерии – носат деоксигенирана крв од плодот до плацентата
Умбиликална вена – враќа оксигенирана крв од плацентата до фетусот
Warton-ова слуз (слузесто сврзно ткиво) – овозможува напречено извиткување на папочната врвца при движење на плодот, без да има последици за протокот на крвта низ крвните садови
Амнионски епител – ја обложува папочната врска од надворешната страна
Нарушувањето на пренаталниот развиток кое настапило во периодот на формирањето на основата на некој орган се нарекува:
- малформација
Како се означува прекинувањето на веќе нормално започнатиот развиток?
- дисрупција
Кај кои новородени може да се сретне pygopagus?
- кај монозиготни близнаци
Кај бремена жена треба да се испита нивото на алфа-фетопротеини. Која метода е препорачана?
- амниоцентеза
Доколку се утврди ниско ниво на алфа-фетопротеинот, на каква аномалија може тоа да укаже?
Down-ов синдром (трисомија на 21 хромозомски пар)
Кои од наведените фактори се најчести причинители на вродените аномалии?
непознати фактори (65% од случаите со вродени аномалии)
Кое од наведените пореметувања може да доведе до предвремено одлупување на постелката?
- кусата папочна врвца
Близнаци со 2 амниона и фузионирани плаценти се резлутат на:
фертилизација на 2 јајце клетки