прв колоквиум Flashcards
(109 cards)
Во табела се дадени вредностите на површинскиот
напон на неколку супстанци на температура од 20°С. Која
од овие супстанци ќе има најниска температура на
вриење? (образложи го одговорот)
https://prnt.sc/8FK-L9Mhq_ea
- Најниска температура на вриење ќе има супстанцата која на температура од 20°С има најмал површински напон, а тоа е диетилетер.
- температурата на вриење и површинскиот напон зависат
правопропорционално, значи со зголемување на површинскиот напон се зголемува и Тв.
На дадениот фазен дијаграм, одреди на што овие точки одговараат.
https://prnt.sc/UMdOtRUlNSqd
- Линиите во овој график се нарекуваат фазни граници и ги претставуваат вредностите на притисокот и температурата на кои двете фази на супстанцата постојат во рамнотежа.
- Критична точка. Температурата и притисокот се наречени критична температура и/или притисок. Над оваа точка супстанцата е во гасовита состојба и неможе да стане течна
- Одговара на притисокот и температурата каде супстанцата е течна
- Тројна точка. Тука сите фази на супстанцата се наоѓаат во рамнотежа
- Одговара на премин од цврста во гасовита состојба (низок притисок и ниска температура)
- Одговара на премин од цврста во течна состојба (треба висок притисок и висока температура)
Дефинирај го поимот енталпија и напиши формула
Енталпија претставува функција на состојбата на системот односно како содржина на топлина. H = U + PV
На што се однесува Ван дер Валсовата равенка?
Дефинирај и напиши формула.
Ван дер Валсовата равенка се однесува на реалните гасови на ниски температури и високи притисоци. Реалните гасови отстапуваат од равенката на идеален гас па затоа со оваа равенка правиме промени на притисокот и волуменот
(P + a/V²) * (V-b) = RT кога n=1
(P + n²a/V²) * (V-nb) = nRT кога n е различно од 1
Етанолот има најголем моларен топлински капацитет во:
- секаде е ист
- олимписки базен
- чаша
- мал базен
Олимписки базен
Образложи под кои услови процесите што се
проследени со намалување на ентропијата, можат да се
одвиваат спонтано?
Доколку ΔH<0 и ΔS<0, процесот ќе се одвива спонтано само при температура на која |TΔS| < |ΔH|. Тоа значи дека ако имаме реакции под таа специфична температура, тогаш единствено само тогаш ќе бидат спонтани
Во табелата се дадени парните притисоци на неколку
алкохоли на температура од 20°С. Објасни на што се
должат ниските вредности на парните притисоци, како и
разликите помеѓу нив? Имајќи ги во предвид вредностите
на парниот притисок, образложи кој од алкохолите ќе има
највисока температура на вриење.
Ниските вредности на парните притисоци се должат поради интермолекулсите сили или водородните врски во нашиот случај. Разликите се должат поради различните Тв на алкохоливе. Највисока температура на вриење ќе го има алкохолот со најнизок парен притисок, односно бутанол
Образложи што претставува суперкритична течност и
наведи ги нејзините својства
Суперкритична течност е флуидот кој што поседува особини и од гас и од течност над критичната температура
- проточни својства како кај гасовите
- растворливоста слична на течностите
- вискозноста е поблиску до гасовите
- бидејќи површинскиот напон е 0, може да ја накваси било која површина
Дефинирај изотермен процес и определи кој од
следните искази се однесува за изотермен процес:
а) ΔU=0;
b) ΔW=0;
v) ΔQ=0
Изотермен процес е процес во кој системот се одржува на
константна температура. За да имаме размена на енергија со околината треба да биде отворен/затворен. Па затоа ΔU=0
Применувајќи го Gibbs-oвото правило за фази,
определи го бројот на независни термодинамички
големини кои се потребни за да се дефинира
термодинамичката состојба на раствор на сол во вода.
F = C – P +2
Р= 1 (еднофазен - хомоген систем)
С= 2 (двокомпонентен систем: сол и вода)
=> F= 2 – 1 + 2 = 3 (независни термодинамички големини)
Дефинирај го поимот алотропија и наведи примери
Појавата на еден елемент во повеќе облици е алотропија
- дијамант и графит
- ромбоиден и моноклиничен сулфур
Како ќе гласи првиот закон на термодинамиката при
адијабатски процес (објасни и напиши формула)?
во текот на овој процес ниту влегува топлина во системот, ниту пак топлина го напушта системот. Тоа значи системот е изолиран. Во текот на процесот имаме промена на температурата но ΔQ=0 па затоа
ΔU = ΔW
При адијабатска компресија, ΔU>0, а при адијабатска
експанзија ΔU<0.
Промена на топлината во равенката:
H⁺(aq) + OH⁻(aq) -> H2O (l); ΔH= - 13.7 kcal, претставува:
а) топлина на формирање на јони
б) топлина на растворање
в) топлина на неутрализација
г) топлина на дисоцијација на јони
в) топлина на неутрализација
Молекулски кристали (својства, видови на привлечни сили, примери)
Молекулски кристали се кристали составени од молекули, при што врските меѓу атомите во молекулите се ковалентни, а врските меѓу молекулите се резултат на постоење на Ван дер валсови сили.
Својста:
- ниска тврдина,
- ниски точки на топење и
- лесна испарливост
Во оваа група спаѓаат органски соединенија, инертни гасови, јодот итн.
Определи ја стандардната промена на енталпијата на
реакцијата на согорување на метан на 25°С.
CH4 (g) + 2 O2 (g) -> CO2 (g) + 2 H2O (l)
ΔHf°[CH4(g)] = - 17.889 kcal/mol
ΔHf°[CO2(g)] = - 94.052 kcal/mol
ΔHf°[H2O(l)] = - 68.317 kcal/mol
Решение:
ΔH25°C = [(CO2) + 2*(H2O) – (CH4)] = - 212.797 kcal
Образложете која од наведените реакции е
ендотермна, а која егзотермна
а) Вашите раце се ладат кога држите вода во цврста агрегатна состојба
б) Снег се топи во рака кога го држите
в) Сладоледот се топи на собна температура
A) ЕГЗОТЕРМНА (oвде системот се рацете, оддаваат топлина
и се ладат)
b) ЕНДОТЕРМНА (овде снегот е системот, прима топлина и се топи)
c) ЕНДОТЕРМНА (овде сладоледот е системот, прима топлина и се топи)
Поделба на течности според видот на честички.
Наведи во која група на течности спаѓа секој од
наведените примери:
1. Етиламониум нитрат;
2. Течен аргон;
3. Бутанол.
Според видот на честичките, течностите се делат на: молекулски, атомски и јонски.
- Јонска
- Атомска
- Молекулска
Поделба на својствата (особините на физичкохемискиот систем) и нивни основни карактеристики. За
секое од наведените својства, определи дали станува
збор за интензивно или екстензивно својство:
моларност, количество супстанца, топлински капацитет,
површински напон.
Тие се делат на
1. Интензивни својства ( не зависат од големината на системот)
2. Екстензивни својства (зависат од големината)
Моларност и површински напон - Интензивни
Количество и топлински капацитет - екстензивни
При кои реакции ентропијата се намалува (заокружи):
а) CO3(s) -> CaO(s) + CO2(g)
б) H2O(l) -> H2O(g)
в) Pb(NO3)2(aq) + 2KI(aq) -> PbI2(s) + 2KNO3(aq)
г) N2(g) + 3H2(g) -> 2NH3(g)
Под в и г се намалува бидејќи
в) имаме премин од две течни состојби во течна и цврста состојба
г) имаме помалку но посложени молекули од страната на продуктите
а) не се важи бидејки преминува од цврста во цврста и гасовита, а гасовити имаат поголем неред
б) има премин од течно во гасовита, поголем неред
Дефинирај го Хесовиот закон за константна топлина:
Промената на енталпијата при const P и V е иста без разлика дали тече во една или повеќе фази. Од ова заклучуваме дека термохемиските реакции можат да се: собираат, одземаат и множат како обични алгебарски равенки.
Што претставуваат Лондоновите дисперзиони сили и
кои фактори имаат влијание на нивниот интензитет?
Тоа се привлечни сили меѓу моментален и индуциран дипол. Тие се најслабите интермолекулски сили. Овие сили зависат од:
- поларност на молекулите
- обликот на молекулите
- нивната молекулска маса.
Наведи ги условите под кои реален гас може да се
покори на Клаузиус-Клајпероновата равенка?
Реален гас може да се однесува како идеален гас само при ниски притисоци и високи температури
Ист волумен од одредена течност е ставен во три
идентични лабораториски садови поставени на
температура Т1, Т2 и Т3, соодветно. Ако Т1<T2<T3, во кој
од садовите течноста ќе има најнизок парен притисок?
(образложи го одговорот).
Најнизок парен притисок ќе има Т1бидејќи со зголемување на температурата, се зголемува движењето меѓу честичките и така полесно може течноста да помине од течна во пареа, зголемувајќи го парниот притисок
Која од наведените величини, секогаш има негативна
вредност?
- топлина на растворање
- топлина на формирање
- топлина на хемиска реакција
- топлина на согорување
Топлина на согорување