Процесор, градење на податочна патека Flashcards
II колоквиум (21 cards)
Три фундаментални класи на инструкции кои се имплементирани во секој процесор
- Инструкции за работа со меморија: lw , sw
- Аритметичко-логички инструкции: add, OR
- Инструкции за скок: beq , j
Заеднички чекори на инструкциите се
- Преземање на инструкција од меморија од адреса диктирана од програмскиот бројач PC
- Читање најмногу два регистри
- Аритметичка операција (освен jump j
High-level имплементација
- Пред да започне извршувањето на инструкција, операндите мора да се во регистрите
- Извршувањето на инструкцијата започнува со читање на нејзината адреса во програмскиот бројач
- Инструкцијата се презема од меморија
- Операндите (полиња во инструкцијата) се преземаат од регистрите
- АЛУ пресметува резултат (обично собирање, адреса во меморија, и сл)
- Резултатот се запишува во регистар, програмски бројач, или меморија
Што е податочна патека?
- High-level имплементацијата го покажува патот на податоците
- Затоа уште се нарекува податочна патека
- Стрелките го покажуваат текот на податоците
- Сигналните линии можат да се вкрстат.
- Ако вкрстени линии се спојуваат се става точка врз нив.
Што е мултиплексер?
Уредот со кој се врши селекција кои податоци да се достават до АЛУ се вика мултиплексер MUX
Како се контролира работата на елементите од податочната патека?
Работата на елементите од податочната патека се контролира со сигнали
Како управува контролната единица?
Контролна единица управува со податочната патека со помош на сигнали
Како е изградена податочната патека?
Податочната патека е изградена од два типа логички елементи:
* Комбинаторни елементи кои оперираат врз податоците (АЛУ)
* Елементи на состојба (регистер, меморија)
Какви можат да бидат сигналите?
За сигнал кој е логички на високо ниво велиме дека е ”поставен” (англ. аsserted)
За сигнал кој е логички на ниско ниво велиме дека е ”разрешен” (англ. deаsserted)
Дали елемент на состојба може во исто време да се чита и да се пишува во него?
Не.
Што одредува кога може да се чита и запишува во елемент на состојба?
Часовник (такт) одредува кога може да се пишува во него.
Што е рабно активирање?
Рабно активирање - во некои елементи на состојба може да се пишува само на предниот раб или само на задниот раб
Методологија на задавање такт
- Методологијата со рабно активирање им овозможува на елементите на состојбата да бидат прочитани и запишани во истиот такт
- Тактот е контролен сигнал во елементите на состојба
Елементи од податочната патека:
- Инструкциска меморија
- Програмски бројач
- Собирач
- Регистерска датотека
- Аритметичко-логичка единица
- Податочна меморија
- Проширувач со знак
Што е програмски бројач?
Програмскиот бројач ја содржи мемориската адреса на инструкцијата која во моментот се извршува
Што е инструкциска меморија?
Инструкциската меморија е хардверски елемент кој презема инструкции од меморија и ги доставува на податочната патека. Адресата на инструкцијата што треба да се преземе се прима како влезен параметар од програмскиот бројач
Што е собирач?
Собирачот ја пресметува адресата на следната инструкција што треба да се изврши. Пресметаната адреса на следната инструкција се запишува во програмскиот бројач во следниот такт
Што е регистерска датотека?
Регистерска датотека - структура која содржи 32 регистри за генерална намена.
* две порти за истовремено читање на содржината на два регистри. Како влез се специфицира 5 битен број на регистер. На излез се појавува 32 битна содржина на регистерот.
* Една порта за запишување во регистер се специфицира 5 битен број на регистер и 32 битен збор што сака да се запише во регистерот.
* Читањето од регистерската датотека се одвива нон-стоп
* Пишувањето е дозволено само ако сигналот
Што е АЛУ?
АЛУ два 32 битни влеза, еден 32 битен излез и 1 битен излез кој кажува дали 32 битниот излез е 0. Се управува со 4 битен контролен сигнал ALU операција
Што е податочна меморија?
Податочна меморија структура која запишува во меморија и чита податоци од меморија.
* Еден влез за адреса во меморија
* Еден влез за податоците што треба да се запишат
* Еден излез за податоците што се преземени од меморија
* Два контролни сигнали MemWrite и MemRead кои диктираат дали да се чита од меморија или да се пишува во меморија
Што е проширувач со знак?
Проширувач со знак
16 битен број се копира во долните 16 бита од 32 битен број. Горните 16 бита од 32 битниот број го содржат знакот на 16 битниот број.