1-4 тема Flashcards

(57 cards)

1
Q

Објасни што е систем и што околина на системот ?

A

-Во термодинамиката, точно определен дел од природата се вика систем. Системот од
останатиот дел на природата е одделен со граници и ѕидови, кои можат да бидат
вистински или замислени. Преостанатиот дел од природата се вика околина на системот.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Дефинирај отворен, затворен и изолиран систем!

A

-Отворен систем: овозможува размена на енергија и на супстанции со околината
Затворен систем: овозможува размена само на енергијата со околина
Изолиран систем: не овозможува размена ниту на енергија ниту на супстанциите со
околината.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Што се дијатермички и адијабетски ѕидови ?

A

-Енергијата се разменува во вид на топлина или работа. Ѕидовите кои овозможуваат
пренесување на топлина преку границите на системот се викаат дијатермички, а оние кои
не дозволуваат пренесување на топлина се викаат адијабетски.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

Дефинирај хомогени и хетерогени системи !

A

-Ако во границите на системот постојат делови со различни својства (притисок, волумен,
густина, температура), системот се вика хетероген систем, додека системите каде
својствата се еднакви или истите континуирано се изменуваат се викаат хомогени
системи.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

Што е термодинамичка состојба и што се нарекува равенка на состојба на системот ?

A

-Поимот термодинамичка состојба ги означува условите во кои мерливите својства имаат дефинирана вредност. Состојбата на системот може да биде дефинирана преку четирите
термодинамички променливи-состав, температура, притисок и волумен. Квантитативната равенка што ја покажува зависноста меѓу P, V и T, за даден систем се нарекува равенка на
состојба на системот.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Што се интензивни својства и наброј неколку?

A

-Интензивни својстства (фактори на интензитет) немаат адитивен карактер и не зависат од големината на системот. Ако системот го разделиме на два дела, својствата нема да станаат двојно помали по вредност. Интензивни својства се: притисок, температура, густина, концентрација, површински напон.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Што се екстензивни својства и наброј неколку?

A

-Екстензивни својства (фактори на капацитет) имаат адитивен карактер, т.е. тие се збир на соодветни својства на потсистеми од сложен систем. Ако го поделиме системот на два
дела, половинките во секој поглед ќе бидат еднакви една на друга, но два пати помали. Екстензивни својства се: маса, волумен, должина, количество супстанца, топлински капацитет.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

Што се нарекува фазна промена и фазни рамнотежи?

A

-Процесот на премин на супстанцијата од една фаза во друга се нарекува фазна промена, а термодинамичките рамнотежи кои постојат во хетерогените системи се викаат фазни
рамнотежи.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q

Кои системи се во рамнотежа?

A

-Системи чии што својства не покажуваат тенденција да се изменуваат во текот на времето велиме дека се во рамнотежа.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
10
Q

Што е процес и што е циклус?

A

-Преминувањето од една состојба во друга, изменувањето на вредноста на својствата на системот се вика процес. Процесот што води до првобитната состојба преку низа меѓу
состојби е кружен процес или циклус.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
11
Q

Како се изразуваат својствата на материјата ?

A

-Својствата на материјата се изразуваат преку 3 фундаментални димензии : должина, маса и време.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
12
Q

Што е волумен?

A

-Волуменот е изведена величина и се изведува од должината m и референтен стандард е m3.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
13
Q

Што е густина?

A

-Густина се дефинира како маса на единица волумен на точно определена температура и притисок и се изразува во cgs системот како g/cm 3 , а во SI како kg/m 3 .

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
14
Q

Што е специфична тежина?

A

-Специфичната тежина се дефинира како однос на густината на одредена супстанција
спрема густината на водата на иста температура, ако поинаку не е специфицирано.
Посоодветен збор за специфична тежина е релативна густина.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
15
Q

Што е сила?

A

-Сила е физичка величина што ја опишува способноста на едно тело да предизвика промена во движењето или обликот на друго тело. Таа е векторска величина, што значи дека има и големина и насока.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
16
Q

Што е притисок?

A

-Притисокот е сила на единица површина и може да биде изразена во атмосфери (atm), сантиметри живин столб (cmHg) или во милиметри живин столб (mmHg). SI единица е паскал (Pa).

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
17
Q

Што е температура?

A

Температура е физичка величина што ја мери степенот на топлина или топлинската состојба на едно тело или супстанција.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
18
Q

Што е моларитет и молалитет ?

A

-Моларитет е множина на растворена супстанција поделена со волумен на растворот и се
изразува во mol*dm -3 . Молалитет е множина на растворена супстанца поделена со масата
на растворувачот.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
19
Q

Што се интермолекуларни сили (врзувачки интеракции, неврзувачки интеракции)?

A

-Интермолекуларни сили се сили што делуваат на молекуларно ниво помеѓу честичките и истите можат да бидат привлечни(атркативни) и одбивни (репулзивни).
-Атрактивните сили кои се доволно силни да поврзат два или повеќе атом во молекула ги
викаме врзувачки интеракции. Привлечната сила која делува меѓу две двоатомски
молекули кои меѓусебно се во тесен контакт, но истата не е доволно силнан да ги поврзе
во нова молекула се нарекува неврзувачка интеракција.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
20
Q

Што се вандервалсови сили ?

A

-Сите слаби, привлечни, интермолекулски сили (дипол-дипол, дипол-индуциран дипол интеракции како и водородна врска) со заедничко име се нарекуваат Вандервалсови
привлечни сили.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
21
Q

Меѓумолекуларни сили

A

-Се слаби привлечни сили кои се одговорни за зачувување на молекулите заедно во цврста
или течна состојба. Со зголемување на молекулската маса привличените сили се
зголемуваат.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
22
Q

Дефинирај ги електростатските интеракции!

A

-Електростатските привлечни сили се јавуваат помеѓу спротивно наелектризираните
честички и се вклучени во формирањето на хемиската врска меѓу честичките со спротивен
полнеж. Тие се најсилни од сите интермолекулски сили.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
23
Q

Што се дипол дипол интеракции?

A
  • Дипол-дипол интеракции се јавуваат меѓу молекули со перманентен дипол. Можат да
    бидат привлечни и одбивни. Привлечните се јавуваат помеѓу различните полови на две
    соседни молекули, додека пак одбивните се јавуваат помеѓу идентични полови на две
    соседни молекули.
24
Q

Објасни што е изотермен процес и Бојл-Мариотов закон?

A
  • Изотермен процес ја следи промената на состојбата на константно количество гас при константна температура со промената на волуменот и притисокот.
  • Бојл Мариотов закон гласи: Производот од притисокот и волуменот на определено
    константно количество гас при константна температура е секогаш константен, односно
    волуменот на определено количество гас на константна температура е обратно
    пропорционален со притисокот. P1xV1=P2xV2
25
Што е изобарен процес?
-Изобарен процес ја следи промената на состојба на определено количество гас која настанува со промена на температурата и волуменот, при константен притисок.
26
Што е коефицент на кубното ширење на гасовите?
-Релативната промена на температурата на гасот што настанува со промена на температурата на константно количество гас за 1℃ при константен притисок се вика коефициент на кубното ширење на гасовите.
27
Што е изохорен процес?
-Изохорниот процес ја следи промената на состојба на определено количество гас која настанува со промена на температурата и притисокот, при константен волумен.
28
Што е термички коефициент на притисокот?
- Релативната промена на притисокот што настанува при промена на температурата за 1°С (или 1 К) при константен волумен на гасот, се вика термички коефициент на притисокот.
29
Објасни за Авогадров закон и што е Авогадрова константа?
- Авогадровиот закон гласи : Еднакви волумени од различни гасови при ист притисок и иста температура содржат еднаков број молекули .V 1 =V 2 (Vm=22,4mol/l ). Авогадро открил дека во 1 мол од секоја гасовита супстанција се содржат 6.023*10 23 молекули. Затоа овој број е наречен Авогадрова константа.
30
Објасни за Далтонов закон за парцијални притисоци ?
- Вкупниот притисок на гасна смеса, на одредена температура, е еднаков на збирот на парцијалните притисоци на гасовите што ја сочинуваат таа смеса. Парцијалниот притисок на одреден гас е притисокот што гасот го дава кога се наоѓа сам во волуменот што го завзема смесата. Парцијалниот притисок е притисок што го врши кој и да е компонентен гас од смесата кога сам си го зафаќа волуменот во кој е смесата.
31
Гремов закон
Гремов закон-При константни Ти притисок брзината на ефузија на различни гасови е обратнопропорционална на квадратот на нивните молекулски маси.
32
Карактеристики на идеален гас?
1) се состои од молекули што имаат маса, но може да се занемари волуменот кој го завзема гасот; 2) молекулите се во постојано движење и се судираат меѓусебно и со ѕидовите на садот, при што судирите се еластични 3)не постојат инремолекуларни интеракции
33
Клајпернова равенка за гасни закони!
-Клајперновата равенка е равенка за состојбата на идеален гас која ги поврзува основните макроскопски параметри притисок, волумен и температура за n молови гас и се користи при изведување на законите за гасните системи. P V = n R T
34
Реални гасови?
Кај реалните гасови постојат меѓумолекуларни сили и молекулите на реалниот гас имаат определен волумен. Тоа значи дека при доволно ниски температури и високи притисоци реалниот гас кондензира во течност со определен волумен. Кај реалните гасови нас одредена температура, независно од применетиот притисок, не е можно да настане кондензација на гасот.
35
Што е Бојлова температура или точка?
-Температурата на гасот на која истиот ќе се однесува како идеален во одреден опсег на притисокот се нарекува Бојлова температура или точка, која зависи од природата на гасот.
36
Што се нарекува критична температура?
- За секој гас постои определена температура над која тој не може да се преведе во течност без оглед на вредноста на притисокот, која температура е наречена критична температура.
37
Што се нарекува суперкритична течност?
- Флуидот над неговата критична температура се нарекува суперкритична течност. Суперкритичната течност има особини и на гас и на течност, односно проточните својства се слични како кај гасовите додека пак својствата поврзани со растворливоста се како кај течностите.
38
Што претставува температурата на вриење?
Температурата на која напонот на пареата на течноста ќе се изедначи со надворешниот или атмосферскиот притисок се означува како температура на вриење.
39
Објасни што е Латентна топлина на испарување?
-Латентна топлина на испарување е количество на апсорбирана топлина која се ослободува кога пареата се кондензира во течност.
40
Објасни ги теориите за течната состојба на материјата?
1. Течната состојба по своите својства е поблиску до гасната отколку до цврстата состојба (некогаш); 2. Течната состојба по своите својства се поблиску до цврстата состојба на материјата (денес).
41
Кои се особини на течностите? Карактеристики на течностите
1. Молекулите на течноста се двиѓат хаотично, 2. Силите на одбивање и привлекување се силни (посилни отколку каг гасовите), 3. Имаат особини слични на цврстата материја: густина, моларен волумен, стисливост, 4. Имаат особини на гасна состојба: подвижност, вискозност, облик на садот во кој се наоѓаат, 5. Заеднички назив за течности и гасови е флуиди.
42
Како се дефинира вискозност на течности?
-Вискозноста на флуидот (гас, течност/раствор) може да се дефинира како индекс на отпор на флуидот при негово протекување. Се мери со вискозиметри кои ја мерат леснотијата со која флуидот минува определено растојание низ капиларата за одредено време. Вискозноста на течностите е поврзана со јачината на привлечните сили што делуваат меѓу молекулите.
43
Објасни што е површински напон на течноста?
-Површински напон на течностите може да се смета како својство на течностите кое ги тера молекулите да се држат заедно и да формираат гранична површина помеѓу течноста и гасовитата фаза. Површинскиот напон зависи од кохензивните сили што се јавуваат меѓу молекулите на самата течност и адхезивните сили меѓу течноста и гасот.
44
Што се сурфактанти или амфифили?
-Супстанциите што предизвикуваат намалување на површинскиот напон се нарекуваат суфрактанти или површински активни материи. Една од нив е сапунот кој се состои од соли на масни киселини од долги C-H низи како и денатурирани протеини. Поделени се на катјонски, неутрални, анјонски, цвитерјон.
45
Влијание на кохензивни и атхезивни сили кај водата и живата?
-Разликите во менискусот на водата и живата се примери за влијанието на кохензивните и адхезивните сили. Водата формира конкавен менискус, а живата формира конвексен менискус. Во водата преовладуваат адхезивните сили (помеѓу водата и ѕидот на епруветата) додека пак кај живата преовладуваат кохензивните сили (меѓу молекулите на живата).
46
Од што зависи интензитетот на површинскиот напон ?
-Интензитетот на површинскиот напон зависи од јачината на привлечните сили. Кога јачината на привлечните сили е поголема, течностите имаат поголем површински напон. Зголемувањето на температурата доведува до намалување на површинскиот напон.
47
Што се нарекува напон на пареа?
-Молекулите во гасна фаза создаваат притисок над површината на течноста и овој притисок се нарекува напон на пареа. Тој зависи од температурата.
48
Што се нарекува заситена пареа?
-Пареата која се наоѓа во рамнотежа со течноста се вика заситена пареа. Нејзина главна озобина е нејзиниот притисок кој е функција само од температурата. Напонот на заситена пареа зависи од природата на течноста, односно од јачината на интермолекуларните сили.
49
Разлика помеѓу кристалните и аморфните супстанции
-Kристалните супстанции се одликуваат со: *правилен геометриски облик и периодичен паспоред: голема среденост на структурата, структурните единки се наоѓаат во точно определени позиции; *точно определена температура на премин од течна во цврста состојба и обратно; -Амфотерните супстанции имаат карактеристики на кристалите но: *немаат правилен геометриски облик; *немаат определена температура на премин од течна во цврста состојба и обратно. Дали една супстанца е во кристален или аморфен облик се утврдува со рендгенска анализа.
50
Што е алотропија?
-Ако хемиски елемент се јавува во повеќе облици тоа е алотропија. Како на пример сулфур кој се јавува во помбоиден и моноклиничен облик.
51
Што е просторна кристална решетка?
-Честичките кои го градат кристалот се правилно распоредени, тогаш може да се замислат паралелно распоредени рамнини кои поминуваат низ честичките од кои е изграден кристалот. Овие замислени рамнини прават просторна решетка или мрежа наречена просторна кристална решетка.
52
Што се нарекува елементарна ќелија?
-За секоја кристална решетка може да се најде една мала зафатнина која во целина има својство на кристалот која е наречена елементарна ќелија.
53
Што се нарекува координација а што координационен број ?
-Бројот на честичките кои опкружуваат еден атом или јон во кристална решетка се вика кординационен број на таа честичка, а самото опкружување се вика координација.
54
Што претставува полиморфизам?
-Полиморфизам претставува феномен на цврстата состојба каде што цврстата супстанција може да се јави во два или повеќе кристални облици, но се јавува го иста гасна и течна состојба.
55
За што е значаен полиморфизмот на цврстите супстанции од фармацевтски аспект?
1. Формулација на фармацевтски дозирани форми; 2. Биорасположливост на активната супстанца ; 3. Проблеми од аналитички аспект
56
Што се аморфни супстанци?
-Цврстите супстанци што поседуваат среденост на многу мали растојанија, но немаат организирана структура на поголеми растојанија се нарекуваат аморфни супстанции.
57