Бугарија во Втората светска војна Flashcards

1
Q

Кога пристапила Бугарија кон Тројниот пакт?

A

На 1 Март 1941г Бугарија кон Тројниот пакт. Во 1941г Бугарија ги нападнала Југославија и Грција и окупирала делови од овие држави.
Во составот на Бугарија влегле вардарскиот дел на Македонија, западниот дел на Тракија а подоцна дел од Егејска Македонија и Пирот од Југославија.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Драмско востание

A

Драмското востание започнало во септември 1941г под раководство на КПГ за Драмско, и биле нападнати градчиња Просечен, Докса и др. Животот го изгубиле повеќе од 3000 луѓе.
Освен грчко население, во ова востание учествувале и Македонци под влијание на политиката на КПГ.
Причини - незадоволството и притисикот на бугарската влада кон грчкото население.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Кој го предводел антифашистичкиот отпор во Бугарија?

A

БКП го повикала бугарскиот народ на антифашистички отпор, на почеток во Разловечко, Дупнича и др места, а се формирале и одреди Чавдар, Антон Иванов, Христо Ботев, Рилско-Пиринско одреди. Бугарија била поделена на 12 операциони зони и се формирал Главен штаб на партизанското движење.
Во периодот од 1943 до 1944г во Бугарија дејствувале 30.000 партизани.
Бугарската влада давала награда 50.000 лева за секој убиен партизан.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

Поразот на Бугарија во Втората светска војна

A

Откако Црвената армија го преминала Дунав и влегла во Бугарија, се сменила внатрешната политичка ситуација. На 9 септември 1944 во Бугарија бил извршен преврат и се формирала нова влада, а на потоа Бугарија со 130000 војници се придружила кон антифашистичката коалиција и учестувала во антифашистичката борба на територијата на Југославија и Унгарија, до капитулацијата на Германија.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly