9. Flashcards

(34 cards)

1
Q

Поим за договор за превоз на стока со железница?

A

Договор за превоз на стока со железница е таков
договор врз основа на кој едната страна
(железницата) се обврзува стоката која е предадена од другата страна (испраќач на стоката) да ја превезе од испратната (отпремна) станица до упaтната (крајна) станица а испраќачот се обврзува за тоа да исплати на превозникот договорена превознина.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Кои се карактеристиките на договорот за превоз на стока со железница?

A

 Договорот за превоз на стока со железница претставува еден од најзначајните договори за превоз.
 Како договорни страни се јавуваат испраќачот на стоката и железницата.
 Во договорот за превоз на стока со железница може да се јави и друго лице – примач.
 Договорот се склучува со тоа што испраќачот на стоката ја предава пратката на железницата заедно со товарен лист, а железницата со свој жиг го потврдува приемот на пратката.
 Товарниот лист испраќачот го пополнува на пропишан образец.
 Превознината се определува со тарифа.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Какви видови на договор за превоз на стока со железница постојат според територијалнот карактер?

A

 Според територијалниот карактер превозот договорот може да биде: внатрешен превоз и меѓународен превоз.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

Какви видови на договор за превоз на стока со железница постојат според брзината на превозот?

A

 Според брзината на превозот, договорите во железничкиот превоз на стока може да ги поделиме на: бавновозен превоз, брзовозен превоз и експресен превоз.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

Какви видови на договор за превоз на стока со железница постојат според начинот на превоз?

A

 Според начинот на превозот на стоката договорите може да ги поделиме на: колски (вагонски) и денковни (парчиња).

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Кои се обврските на железницата?

A
  • Обврска да ја прими стоката за превоз;
  • Обврска за товарење на стоката;
  • Обврска да ја чува стоката;
  • Обврска превозот на стоката да го изврши според превозниот пат
  • Обврска да изврши царински или други дејствија;
  • Обврска да постапува по барања за измена на договорот;
  • Обврска за уредно предавање на стоката на примачот;
    *Одговорност за навремена испорака и надомест на штета
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Кои се обврските на испаќачот во договор за превоз на стока со железница?

A

 Обврска да ја даде стоката за превоз;
 Обврска да го предаде товарниот лист;
 Обврска за плаќање на превознина и на други трошоци.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

Кои се обврските на примачот договор за превоз на стока со железница?

A

Обврски на примачот пренесени од испраќачот:
-да ја исплати превознината или некои други трошоци означени во товарниот лист;
- да го изврши растоварот на стоката од вагоните;
- стоката во определен рок да ја изнесе од железничката станица.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q

Кои се правата на примачот договор за превоз на стока со железница?

A

-да бара од железницата предавање на онаа стока која е наведена во товарниот лист и пренесување на сите права од испраќачот на него;
- од железницата да бара надомест за штета ако дојде до губење или оштетување на стоката;
- со своите налози да изврши измена на договорот за превоз, кога тоа му е дозволено со прописите

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
10
Q

Поим за договор за превоз на стока во патен сообраќај?

A

Договор за превоз на стока во патниот сообраќај е таков договор во кој превозникот во патниот сообраќај се обврзува за соодветна награда да ја превезе стоката од едно место на друго и да му ја предаде на примачот или друго овластено лице.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
11
Q

Кои се карактеристиките на договорот за превоз на стока во патен сообаќај?

A

 Овој договор се однесува на превоз на стока со патни транспортни средства.
 Договорот за превоз на стока во патниот сообраќај е неформален, реален и атхезионен.
 Договорни страни на овој договор се превозникот и испраќачот.
 Кај овој договор товарен лист може да се издаде но не е задолжителен елемент.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
12
Q

Какви видови на договоро за превоз на стока во патен сообаќај постојат според превозниот пат?

A

Договорите во патниот сообраќај за превоз на стока според превозниот пат се делат на:
 превоз на стока во меѓународен патен сообраќај,
 превоз на стока во внатрешниот патен сообраќај.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
13
Q

Какви видови на договоро за превоз на стока во патен сообаќај постојат според карактерот?

A

Договорот за превоз на стока во патниот сообраќај според карактерот се дели на:
 линиски, и
 слободен договор за превоз.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
14
Q

Кои се обврските на превозниокот во договор за превоз на стока во патен сообраќај?

A

 Ставање на располагање на моторно возило на испраќачот;
 Преземање на стоката за превоз;
 Превоз на стоката;
 Обврска за постапување по дополнителни упатства дадени од испраќачот;
 Предавање на стоката на примачот.
* Одговорност за навремена испорака и надомест на штета

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
15
Q

Какво право има превозникот во договор за превоз на стока во патен сообраќај?

A

Превозникот има и право на залога и право на ретенција над стоката доколку не му биде исплатена превознина.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
16
Q

Кои се обврските на испраќачот/примачот во договор за превоз на стока во патен сообраќај?

A

 Плаќање на превозните трошоци.
 Предавање на стоката.

17
Q

Поим за договор за воздушен превоз на стока?

A

Под договорот за воздушен превоз на стока се
подразбира таков договор во кој превозникот се
обврзува, за определен надомест, и на свој ризик, да преземе определено количество стока од местото на испраќање до определеното место во договорено време, додека другата договорна страна се обврзува за извршената услуга на превозникот да му плати однапред определена цена – превознина, како и сите други трошоци што би настанале во врска со превозот.

18
Q

Кои се карактеристиките на договор за воздушен превоз на стока?

A

Договорот за воздушен превоз на стока е неформален договор
 Товарниот лист како значаен елемент кај договорот за воздушен превоз
 Договорни страни се испраќачот и превозникот.
Дополнително, како страна може да се јави и
примач.
 Предмет на договорот е превоз на стока.
 Најчесто договорите за воздушен превоз на стока имаат меѓународен карактер.

19
Q

Кои се обврските на превозникот во договор за воздушен превоз на стока?

A

 Примената стока да ја превезе до определеното место.
 Да се раководи по налозите на испраќачот.
 Да му ја предаде стоката на примачот во определеното место
 Да одговара за секоја загуба или оштетување на стоката и доцнење при испораката.

20
Q

Кои се обврските на испраќачот во договор за воздушен превоз на стока?

A

-да плати на превозникот надомест на извршената услуга - превознина (превознината
најчесто се пресметува постоечки тарифник за услуги)
-Да му ги надомести сите непредвидени трошоци кои настанале а кои не се пресметани во превознината.

21
Q

Поим за договор за превоз на стока по морски пат?

A

Договор за превоз на стока по морски пат е таков договор во кој бродарот се обврзува дека ќе превезе определена стока од едно пристаниште до друго или ќе му стави на располагање за превоз брод, дел од брод или бродоска просторија на порачувачот, додека порачувачот се обврзува да плати соодветна возарина.

22
Q

Кои видови на договор за пренос на стока по морски пат постојат?

A

 Договор за чартер (charter) или бродарски договор
 Договор за под-чартер (sub charter).
 Временски чартер (time charter).
 Договор за патување (voyage charter).
 Договор за поморски превоз на стока или поморски возарски договор (carriage in a general ship).

23
Q

Кои се обврските на бродарот?

A

-Прием на стока за превоз.
-Обврска да постапува како добар стручњак и
стопанственик.
-Обврска да даде исправи – коносман, товарен лист.
-Обврска уредно да ја превезе стоката.
-Обврска да постапува по налозите на налогодавачот.
-Обврска да му ја предаде стоката на примачот.
-Одговорност за секоја загуба или оштетување на стоката и доцнење при испораката

24
Q

Што е консоман?

A

-исправа што ја издава бродарот врз основа на склучен договор за превоз на стока по морски пат.
-Коносманот претставува хартија од вредност која што може да се
пренесе.
-Функции на коносманот:
 со него се потврдува дека постои договор за превоз на стока по морски пат;
 тој служи како доказ, дека стоката што е наведена во него е примена за превоз;
 со него се утврдува обврската на бродарот дека стоката по извршениот превоз ќе му биде предадена на примачот односно лицето кое е назначено во коносманот.
-Консоманот може да биде издаден на име, по наредба и на доносител.

25
Кои се обврските на порачувач/испраќач на стока со превоз по морски пат?
 Обврска да ја предаде стоката за превоз.  Обврска да ја плати превознината.
26
Поим за договор за шпедиција?
Со договорот за експедитирање, експедитерот се обврзува да склучи, заради превоз на определен предмет од свое име и за сметка на налогодавачот, договор за превоз и други договори потреби за извршување на превозот, како и да ги изврши другите вообичаени работи и дејства, а налогодавачот се обврзува да му исплати одреден надомест.
27
Кои се карактеристиките на договорот за шпедиција?
-Во договорот за шпедиција како договорни страни се јавуваат шпедитерот (испраќач, експедитер) и комитентот (налогодавач). -Поврзаност на договорот за шпедиција со договорот за комисион и договорот за трговско застапување. -По правило договорот за шпедиција е неформален договор. -Договорот за шпедиција е атхезионен договор. -Дејноста шпедиција има претежно меѓународен карактер и голем обем и разновидност;
28
Кои се функциите на договорт за шпедиција?
 просторна функција;  временска функција;  квантитативна функција;  квалитативна функција;  кредитна функција; и  пропагандна функција.
29
Кои се обврските на шпедитерот?
 Склучување на потребните договори;  Преземање на стоката од комитентот или од трето лице;  Чување на стоката;  Постапување како добар стопанственик и извршување на налозите на комитентот;  Определување на превозниот пат (инстрадиција) и видовите транспорт;  Извршување на пресметка со комитентот;  Известување на комитентот – налогодавачот; и  Пренесување на правата на комитентот.
30
Кои се правата на шпедитерот?
 Право на провизија – награда;  Право на надомест на трошоци;  Право на залог;  Право на придржување (ретенција); и  Право на самостојно исполнување.
31
Кои видови на шпедиција постојат според територијата на која шпедиторот ја врши својата дејност?
Според територијата на која шпедитерот ја врши својата дејност - внатрешна и меѓународна шпедиција;
32
Кои видови на шпедиција постојат според одновните карактеристики на работењето?
Според основните карактеристики на работењето - пристанишна, континентална и гранична шпедиција;
33
Кои видови на шпедиција постојат според меѓусебните правни односи помеѓу шпедиторот и комитентот?
со оглед на меѓусебните правни односи меѓу шпедитерот и комитентот – непотполна (нецелосна), потполна (целосна), фиксна и збирна шпедиција
34
Кога може да престане договорт за шпедиција?
 Исполнување на договорните обврски;  Со стечај на налогодавачот или шпедитерот;  Поради неможност за исполнување;  Со отповикување на налогот од комитенотот; и  Со откажување на шпедитерот од извршување на налогот.