fzf Flashcards
(137 cards)
- Што значи зборот филозофија, што претставува филозофијата?
Љубов кон мудроста
Филозофијата претставува поглед на светот и животот изразен преку научни поими
Кои се основни проблеми во онтологијата?
- што е битието/каква е неговата природа
- структурата (квантитетот) на битието
- детерминираноста на битието
Кои се основни проблеми во гносеологијата?
- што е изворот на познанието
2. кои се границите на познанието
Кои се основни проблеми во етиката?
- потеклото на моралот
2. целта на моралното делување
Кои се основни проблеми во логиката?
Принципите на правилната мисла
Кои се основни проблеми во естетиката?
- дали постои објективно мерило на вкусот
Кои се основни проблеми во антропологијата?
- што е човекот
2. која е целта на неговото постоење
Кои се основни проблеми во аксиологијата?
Вредностите
Кои се основни правци во онтологијата?
Материјализам (антички, механички, дијалектички, метафизички), субјективен и објективен идеализам, монизам, дуализам, плурализам, детерминизам и индетерминизам.
Кои се основни правци во гносеологијата?
Емпиризам, рационализам, ирационализам, критицизам, интуиционизам, сензуализам, скептицизам, агностицизам, догматизам, волунтаризам и мистицизам.
Што е емпиризам?
Правец според кој искуството е изворот на сето знаење.
Што е рационализам?
Правец според кој до вистинското знаење се доаѓа исклучиво со умување, чисто мислење (ратио-разум)
Што е агностицизам?
Правец според кој вистината е несознатлива
Што е скептицизам?
Правец кој изразува сомневање во сознавањето на целосната вистина.
Што е догматизам?
Правец според кој е можно вистината да се сознае, таа се сознава одеднаш и целосно (догма-несоменан вистина).
Што е материјализам?
Прваец според кој природата на битието е материјална
Што е субјективен идеализам?
Правец според кој примарна е човековата свест, реалноста е идејна творба на субјектот.
Што е објективен идеализам?
Правец според кој идејата постои како објективна стварност вон и независно од човековата свест.
Кое е првото филозофско прашање?
Прашањето за основата на светот и на целото постоење (архе)
Кои се основните проблеми во космолошкиот период?
прашањата за светот (космосот)
Што е архе?
Прапринципот, праосновата, праначелото на се што постои
Кои се претставници на Милетската школа и што е архе за секој од нив?
Талес (архе: водата), Анаксимандар (архе: апејрон) и Анаксимен (архе: воздухот).
На кои филозофски правци припаѓа филозофијата на Милетските мислители?
Антички (наивен) материјализам, монизам, хилозоизам, детерминизам
Што е хилозоизам?
Гледиште кое верува дека материјата е оживеана, одухотворена, материјата е жива.