krven sistem i gradba na srce Flashcards
(33 cards)
што е циркулација
ЦИРКУЛАЦИЈА- претставува постојано движење на крвта низ организмот
што е срце
СРЦЕТО-е мускулен орган кој е поттикнувач за самото движење на крвта низ организмот.
каде е сместено срцето
Кај човекот, срцето е сместено во градната празнина, меѓу двете белодробни крила, над дијафрагмата
градба на срце
Има форма на тристрана пирамида, односно круша, со врвот завртена на надолу и налево.
Срцето лежи во срцевото ќесе - перикард, кое има заштитна функција.
слоеви
Се состои од 3 слоја:
*ВНАТРЕШЕН СЛОЈ-ЕНДОКАРД-ТЕНОК,МАЗЕН СЛОЈ ИЗГРАДЕН ОД ЕНДОТЕЛ
*СРЕДЕН СЛОЈ-МИОКАРД-ГО СОЧИНУВААТ МУСКУЛИТЕ НА СРЦЕТО
*НАДВОРЕШЕН СЛОЈ-ЕПИКАРД-СЕ СОСТОИ ОД СВРЗНО ТКИВО
2 половини на срцето
срцето на човекот е поделено на лева и десна половина-Десната со белодробниот крвоток (мал крвоток) пумпа крв сиромашна со кислород до белите дробови- Левата половина преку системски крвоток (голем крвоток) пумпа оксигенирана крв низ целиот организам- Двете половини се целосно одвоени со прегради- Во секоја половина на срцето има две празнини-преткомора (atrium)=прима крв и комора(ventricula)=испумпува крв
комори на срцето
На ВЛЕЗОТ И ИЗЛЕЗОТ НА СЕКОЈА КОМОРА ИМА ЗАЛИСТОЦИ КОИ ОВОЗМОжУВААТ КРВТА НИЗ СРЦЕТО ДА Е САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ.
-ЛЕВАТА ПРЕТКОМОРА Е ОДДЕЛЕНА ОД ЛЕВАТА КОМОРА СО ДВЕЛИСНИ КЛАПИ А ПОМЕЃУ ДЕСНАТА ПРЕТКОМОРА И ДЕСНАТА КОМОРА ИМА ТРИЛИСНИ КЛАПИ
поврзување на срцето со крвните комори
десна преткомора:
*простор кој ја прима крвта што се враќа од ткивата на организмот.Оваа крв е сиромашна со кислород, а до срцето се носи со вените.
десна комора:
*ја пумпа венската крв од белите дробови која доаѓа од десната преткомора преку белодробни артерии
лева преткомора:
*прима крв богата со кислород која се враќа од белите дробови преку белодробни вени
лева комора:
*пумпа оксигенирана крв до сите делови.Крвта се пренесува низ артериите
центри за автоматизирана инервација на срцето
= СРЦЕТО има способност само да се контрахира.
= Причина за тоа е постоење на два нервни јазли и еден сноп на нервни влакна кои учествуваат во создавање и спроведување на нервните импулси за автоматската работа на срцето.
јазоли
Едниот јазол е синусниот јазол (Keith-flack –ов јазол) кој се наоѓа меѓу вливот на горната и долната шуплива вена во ѕидот на десната преткомора
Другиот јазол е до преградата на границата меѓу преткомората и комората од десната страна-преткоморно-коморен јазол (Aschoff-Tawara)
Од преткоморно-коморниот јазол излегуваат Hiss-овите снопови кои се протегаат до врвот на срцето.Завршуваат со Пуркиниеви влакна во ѕидот на коморите
автоматизам на срцева работа
1.Синусниот јазол создава импулси со почетокот на срцевиот удар
2. Почетните импулси се пренесуваат низ мусклулите на секоја преткомора со што се предизвикува контракција
3. Се надразнува преткоморно-коморниот јазол
4. Импулсите се пренесуваат брзо низ Хисовите снопови,а потоа и низ ѕидот на коморит преку гранките на снопот и Пуркиниевите влакна
физиологија на срце
-Срцето работи како пумпа
-Крвта се движи низ срцето со контракција на срцевите мускули,почнувајќи од преткоморите до коморите-активна фаза наречена систола
-Меѓу секоја ваква активност следи еден период на одмор-дијастола
-Срцева пауза-од завршувањето на систолата на коморите до почетокот на систолата на преткоморите.
-Дијастолата почнува во преткоморите кога во исто време почнува систолата во коморите
-Целиот процес претставува срцев мускул и трае 0,8 секунди
срцев циклус
-Здраво срце извршува 70-80 систоли за 1 минута-тоа претставува срцева фрекфенција
регулација на срцева работа
АВТОНОМЕН НЕРВЕН СИСТЕМ-има улога во менувањето на работата на срцето:
*Дразбите од СИМПАТИЧКИОТ НЕРВЕН СИСТЕМ ја зголемувааат работата на срцето
*ПАРАСИМПАТИЧКИОТ НЕРВЕН СИСТЕМ ја намалува работата на срцето
Срцевата работа е под контрола и на хормони,јони и лекови во крвта
транспортни системи во организмот
Транспортни системи во организмот се :
Крвниот ( кардиоваскуларен) и
Лимфниот систем.
Тие учествуваат во:
Пренесување на хранливи материи до клетките
општа градба на циркулаторен систем
Циркулаторниот систем (кардиоваскуларен) е затворен круг полн со крв и е составен од:
Срце (cor, cardia) и
Густа мрежа од спроводни садови :
артерии,
вени и
капилари.
Низ крвоносните сдадови циркулира крвта како телесна течност која е составена од:
крвни клетки и
крвна плазма
состав на крвта
плазма
(55% од вкупен волумен на крвта)
Леукоцити и тромбоцити 1%
Ерироцити
44%
крвна плазма
Крвна плазма се добива со центрифугирање, т.е седиментација на крвта, при што:
на дното се издвојуваат крвните клетки, а
на површината крвната плазма- бистра течност.
Крвната плазма е воден раствор на органски и неоргански соединенија. Се состои од:
90-92 % вода,
Од неоргански соединенија доминира NaCl –0,8 % кој и дава соленест вкус на крвта,
Од органски м-ии: шеќер (0,1%), хормони, СО2, О2, Тука се и крвните белковини: албумини, глобулини и фибриноген.
еритроцити црвени крвни зрнца
Имаат облик на двојновдлабнад диск со должина од 7-8 микрони и ширина од 2 микрона.
Немаат јадро и затоа имаат кус животен век од 80-120 дена.
Многу се еластични и лесно поминуваат низ капиларите;
Број на еритроцити:
Кај жени од 4 до 4,5 x 1012/ л крв
Кај мажи од 5 до 5,5 x 1012 /л крв
Еритропенија- намалување на бр. на еритроцити
Еритроцитоза – зголемување набр. на еритроцити.
Секогаш на поголема надморска височина поради помало присуство на О2 бр. на еритроцити се зголемува.
што разликуваме кај еритроцитите
клеточна мембрана
хемоглобин и
строма
состав на еритроцити
Еритроцитите во својот состав најмногу имаат вода (60 – 67%), содржат и мало количество на соли.
Од органските соединенија има јаглехидрати, масти, белковини.
Од белковините најважен е хемоглобинот
хемоглобин
Хемоглобинот е сложена белковина, составена од проста белковина глобин ипростетична група хем.
глобин и хем
Глобин, претставува проста белковина со различен аминокиселински состав кај секој човек.Хем, кој е изграден од порфиринско јадро и јон на железо Fe2+
хемоглобин способности
-Хемоглобинот има способност лабаво да се врзува со кислородот, со што формира соединение оксихемоглобин
- Исто така тој делумно се врзува и со јаглеродниот диоксид, при што се формирасоединение карбохемоглобин.
-Најголем афинитет за врзување има кон јаглерод моноксид.
Со него формира траен комплекс познат како карбоксихемоглобин, кој го спречува поврзувањето на кислородот за хемоглобинот, што доведува до труење на организмот.