Socio Flashcards
(148 cards)
Развојот и промените во општествениот систем се резултат на нееднаквоста, спротиставеноста на класите во општеството според преставникот на конфликтната теорија во социологијата:
Карл Маркс
Функционализмот како теорија ја нагласува улогата на деловите во системот, една од теориите кои се набројани според социолозите претставува варијанта на функционализмот. За која теорија станува збор?
структурализам
Херберт Спенсер ги класифицира општествата според два критериуми, односно според степенот на општествената комплексност и стапката на развој на системот на внатрешна контрола. Во поглед на стапката на развој на системот на внатрешна контрола кои два типа на општества ги разликува Спенсер?
војнички и индустриски општества
Како ја нарекува Емил Диркем состојбата во општеството кога попушта системот на норми за регулирање на општествениот живот, односно општеството се наоѓа во состојба на релативно беззаконие кое го зафаќа целото општество или негови одредени делови?
аномија
Радикалните промени во општеството се предмет на проучување на следнава ориентација во социологијата:
марксизам
Кои се двата основни механизми преку кои се одржува општествената рамнотежа според функционализмот како ориентација во социологијата?
Општествена контрола и социјализација
Функционализмот е ориентација во социологијата која е продолжение на биологизмот, на неговата:
органистичка варијанта
Според современото психологистичко сфаќање општественото однесување зависи од:
општествениот систем и психо-социјалните карактеристики на поединецот
Според Маркс Вебер, социологијата е наука што треба да го разбере и протолкува ____ и на тој начин да ги објасни неговиот тек и неговите последици.
човековото дејство
Преставници на ориентацијата која не е во состојба да ги објасни општествените конфликти и големите општествени пресврти (револуции) се:
Талкот Парсонс и Џорџ Мид
Според Карл Маркс најважните промени во општеството се поврзани со
развитокот на капитализмот како општествен систем во кој моќта на владеачката класа е резултат на?
сопственост на капиталот
Кој е првиот социолог емпирист што го истакнува ставот дека за општествените појави треба да се бараат единствено во појавите?
Емил Диркем
Кој основач на социологијата смета дека поделбата на трудот е основна движечка сила на развојот на општеството?
Карл Маркс
Со кој метод се изведува квантитативното набљудување на општествените појави и нивните својства?
мерење
Методолошката постапка која се применува во социологијата за да се дојде до емпириски податоци преку вербална комуникација меѓу испитувачот и испитаникот е позната како?
Интервју
Тим од социолози истражувачи има за цел да ги истражи и открие социопсихолошките односи помеѓу поединците во едена мала производна работна организација во која се вработени вкупно 20 работници. Имено истражувачите сакаат да откријат како работниците избираат свој претставник кој преговара во нивно име со менаџерскиот тим, како меѓусебно комуницираат за време на паузите во текот на работниот ден, колку меѓусебно си помагаат во текот на производниот процес и слично. Која техника ќе ја употребат истражувачите со цел да ги откријат социопсихолошките односи помеѓу поединците во рамки на оваа работна организација?
Техниката на социометрија
Според Веберовата типологизација за видовите на човеково однесување, како ќе се нарекува однесувањето на еден поединец (пример: верник кој редовно ги посетува службите во црква и практикува однапред утврдени ритуали) кој реагира во одредени ситуации во согласност со веќе воспоставени начини на однесување и воспоставени навики во заедницата (општеството)?
Традиционално однесување
Огист Конт е преставник на граѓанската социологија кој се залага за мирни реформи и истакнува дека капиталистичкото општество не треба радикално да се менува туку постепено да се усовршува преку промени во составот (структурата) на општеството и функционирањето на институциите.Според него социологијата треба да биде поегзактна наука според примерот на природните науки.Физиката ја сметал за најразвиена „позитивна“ наука која треба да послужи за пример на социологијата.Кој правец во општествените науки настојува општествените науки да се градат според примерот на природните, егзактни науки?
Позитивизам
Како се нарекува системот на елементи во рамки на културата (јазик, гестови, идеи, свети предмети и слично) со чија помош се остварува комуникацијата помеѓу луѓето и воедно им се дава значење на појавите и процесите во рамки на едно општество?
систем на симболи
Секоја култура гради систем на различни вредности преку кои станува единствена и неповторлива. Но, културите се подложни на промени како резултат на нивните меѓусебни контакти (допири помеѓу културите). Во рамки на социологијата ваквото влијание помеѓу културите се означува со поимот:
транскултурација
Во рамки на секоја култура постои јазик како систем од симболи, некаква форма на брак и семејство, поим за убавото, религија, поглед на светот, вредности, институции и слично. Како се нарекува во рамки на социологијата постоењето на вакви елементи кои се заеднички за различните култури?
културни сличности
Процес на интеракција во кој новиот член на заедницата усвојува знаења, вештини, навики, вредности, норми на однесување и други сознанија за успешно интегрирање во општествените групи и во општеството во целина се нарекува
социјализација
Како се нарекува поединецот кој како припадник на една култура во секоја ситуација се однесува на пригоден начин без критички став и безусловно ги прифаќа важечките норми на однесување во општеството?
конформист
Збир на културни карактеристики кои поединецот ги поседува и му овозможуваат да се почуствува поинаков од припадниците на другите култури претставува:
културен идентитет