Tema 2 Flashcards
popravanje na 3kata (45 cards)
Според животен циклус на БнП, како е поделен проектот?
- Анализа на потреби
- Моделирање на податоци
- Имплементација
- Тестирање
- Одржување
Што е анализа на потреби?
Забележување на податоците за складирање и врски меѓусебни, вклучувајќи анализа на трансакциите што се вршат на БнП. Резултатот е документ наречен “спецификации на барања“.
Што е моделирање на податоци?
Различни погледи на податоците, синтетизација во глобалната шема, податоците се прецизно одредени, БнП е дополнително нормализирана за барања на квалитет. Конечно се изведени под-шеми и поединечни апликации.
Што претставува имплементацијата?
Врз основа на шемата и под-шемата со DBMS на компјутерот се реализираат физички БнП, DBMS има параметри за физичка организација на БнП прилагодени за подобра работа со посебни програми за посебни трансакции.
Што преставува тестирањето?
Корисници кои немаат искуство со работа со БнП бараат грешки со цел да ја “расипат“ БнП со цел промена на грешките. Соодветно има податоци од БнП кои се недостапни за корисниците.
Што е одржување на БнП?
Поправање на грешки, воведување промени, подобрување перформанси на БнП и сл. Одржувањето на БнП не смее да му попречи на корисниците.
Што претставува моделирање на ентитети и врски?
Користење Entity-Relationship Modelling за обликување помалку прецизна концептуална шема - апстракција на реалниот свет.
Што е ентитет?
Ентитет е нешто за кое чуваме податоци - предмет, суштество, настан, феномен и за истиот задаваме атрибути кои ги опишуваат ентитетите понатамошно. Ако атрибутот има повеќе вредности истовремено тој станува ентитет.
Што е атрибут?
Важна информација нанесена како к-ка на ентитетот за полесна идентификација.
Како се одредува типот на ентитетот?
Името на ентитетот заедно со неговите атрибути.
Кои се кандидати за ентитети во една БнП?
Клиенти, вработени, производи, снабдувачи и за нив се бараат информации како потенцијални ентитети.
Каков може да биде атрибутот на ентитетот според податокот?
Атрибутот може да има едноставна вредност или специфицирана вредност.
Што претставува кандидат за клуч?
Атрибут или збир атрибути чии вредности уникатно одредуваат примерок од ентитет од даден тип. Ако има повеќе кандидати, еден се зема за примарен клуч.
Што претставуваат релациите?
Асоцијација меѓу 2 или повеќе табели. Вклучените ентитети се учесници а нивниот број го одредува типот на врската. Врски се воспоставуваат меѓу 2 или повеќе ентитети.
Опиши 1 : 1 релација
Една инстанца од првиот тип ентитет може да биде поврзана со најмногу една инстанца од вториот тип ентитет и обратно.
Опиши 1 : ∞ релација
Една инстанца од првиот тип ентитет може да биде поврзана со една, нула или повеќе инстанци од вториот тип ентитет но вториот тип ентитет може да виде врзана со најмногу една инстанца од првиот тип ентитет.
Опиши ∞ : ∞ релација
Една инстанца од првиот тип ентитет може да биде поврзана со една, нула или повеќе инстанци од вториот тип ентитет и обратно.
Што значи задолжително членство а што незадолжително?
Ако податокот мора или не мора да учествува во врска има задолжително или незадолжително членство во односот.
Управување со датотеки од БнП?
- Поле
- Запис
- Датотека
- Ентитет
- Атрибут
- Примарен и Секундарен клуч
Поле - Објасни
Полето е логичко групирање на податоци.
Запис - Објасни
Записот е логичка група на поврзани полиња.
Датотека - Објасни
Датотеката е логичка група на поврзани записи.
Ентитет - Објасни
Ентитетот претставува к-ка на записи
Атрибут - Објасни
Атрибутот е к-ка на ентитет