Индустриска Географија Flashcards
Кои е најбогати подрачја со нафта во светот?
Најбогати нафтени подрачја се: Подрачјето кое се наоѓа меѓу Црвеното Море, Црното Море, Персискиот Залив и Каспиското Море и подрачкето кое се наоѓа кај Мексиканскиот Залив и Карипското Море
Кои деривати се произведуваат од нафтата?
Од нафтата се произведуваат разни бензини, моторни масла, вештачки ѓубрива, пластика, гуми, петролеи и др.
Како се вика здружението на земјите произведители на нафта?
Здружанието на држави произведители на нафта се вика ОПЕК.
Кои се најголеми произведувачи, а кои најголеми потрошуачи на нафта во светот?
Најголеми произведувачи на нафта се: Саудиска Арабија, Русија, САД, Иран, а додека најголеми потрошувачи на нафта се: САД, Кина, Јапонија, Русија.
Од кого денес зависи во голема мера производството на нафта во светот?
Нафтеното производство зависи од нафтените компании (BP, Shell, Mobil Oil…) и од ОПЕК.
Што се добива како производ од земниот гас и воедно која земја е најголем производител и извозник?
Најголем извозник на земниот гас е Русија која поседува над 70% од светските резерви.
Кои се 4 видови на јаглен и кој е најквалитетен?
4 видови јаглен се: Антрацид (најквалитетен), камен јаглен, мрк јаглен, лигнит.
Кои производи се произведуваат со преработката на јагленот?
Со преработка на јагленот се добиваат производи како гумите, пластиката, смолата, катранот итн.
Кои се најголеми извозници, а кои најголеми увозници на јаглен во светот?
Најголеми извозници на јаглен во светот се: САД, Полска, Германија, Русија, а најголеми извозници на јаглен во светот се тие што го немаат како Јапонија, Италија, Шветска и др.
За што најмногу се користи хидро енергијата?
Хидро енергијата е најевтин извор на енергија и најмногу е користен за производство на електрична енергија во хидроцентралите.
Од кои горива се добива атомската енергија?
Атомската енергија се добива од двете основни атомски (нуклеарни) горива: ураниум и ториум.
Кои други видови енергија се користат во современиот свет?
Во денешниот свет се користат: сончева енергија, енергија на ветрот, атомска енергија, хидроенергија итн…