pravo vtora god Flashcards

1
Q

1.Што се подразбира под уставно уредување во најопшта смисла на зборот?

A
  • Под усатвно уредување, во најопшта смисла на зборот, се подразбира уставното устројство на една земја, односно држава.Тоа претставува релативно самостојна целина на општествените односи и врски што го изразуваат уставниот систем во целина.
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

2.Што е уставно уредување во материјална, а што во формална смисла?

A
  • Уставно уредување во формална смисла се разгледува преку пишаните прописи кои се однесуваат на тоа уредување. Ова уредување е познато како нормативен поредок.

-Уставно уредување во материјална смисла ја опишува вистинската состојба како што постои во една земја и како функционира во практиката.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

3.Што се пишани, а што непишани устави?

A

-Пишани се оние устави кои целата материја ја изложуваат во пишана форма, а непишаните устави уште се нарекуваат и обичајни устави, бидејќи тие се составени од обичаи кои не се изложени во пишана форма.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

4.Како се делат уставите според доносителот?

A

-Во зависнот од доносителот уставите се делат на: октроирани, уставни пактови и народни устави.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

5.Кои се кодификувани, а кои некодификувани устави?

A

-Кодификувани се оние формални устави кои се содржани во еден акт, а некодификувани устави не се бројни, имаат мошне различни обележја и се изразени во повеќе акти.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

6.Што се тоа цврсти а што меки устави?

A
  • Цврст устав е оној кој предвидува посебна постапка за негова измена и потешки услови за усвојување на измената, (најчесто 2/3 мнозинство во заонодавното тело). Меки устави се оние устави кои можат да бидат изменети во иста постапка како и за промена на обичен закон.
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

7.Што е устав во формална смисла?

A

-Устав во формална смисла е општ, правен и политички акт, пишан акт и акт во кој се систематизирани основните правни норми кои ја уредуваат уставната материја.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

8.Кои се суштинските обележја на Уставот на САД?

A

-Уставот на САД е најстариот пишан и сеуште применлив устав и ги има следниве суштински обележја:

Се работи за исклучително краток текст во кој е содржана преамбула и седум члена кои се усвоени во 1789. Во целината на текстот преовладува разработка на основните функции на федералните органи и нивните односи со одделните држави. Текстот на Уставот за прв пат е надополнет со 10 амандмани веќе во 1791, кои се однесуваат исклучиво на гарантирање на индивидуалните граѓански слободи и права. Останатите амандмани се донесени согласно констатираната потреба извлечена од реалноста.
Федерализмот како значајна карактеристика во организацијата на политичкиот систем на САД.
Претседателскиот систем на организација на власта, во кој трите функции на власта (законодавната,извршната и судската ) се поделени и независни, но сепак меѓусебно испреплетени и поврзани.
Неговата крутост односно долготрајната опстојност на уставната сцена без да доживее некои поголеми промени во неговата содржина.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q
  1. Кои се најзначајните устави донесени во периодот меѓу двете светски светски војни?
A
  • Како најзначајни устави донесени во периодот меѓу двете светски војни се споменуваат Вајмарскиот устав од 1919 година, Уставот на Шпанија од 1931 година, Уставот на Полска од 1935 година, како и уставите на советската власт ( Уставот на РСФСР од 1918, Уставот на СССР од 1924 и Уставот на Сталин од 1936 година).
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
10
Q
  1. Зошто е значајна Големата повелба за слободите од 1215 година?
A
  • Се работи за прв уставен документ донесен не само во Англија, туку и пошироко, кој во уставно-правната теорија се третира како камен-темелник на англосаксонската демократија. Она што е најзначајно за оваа повелба е фактот дека таа била и останала симбол на:
    Ограничување на семоќната кралска власт со помош на правни норми;
    Гарантирање на некои човекови слободи и права согласно условите во времето кога тие настанале и биле предмет на заштита;
    Зачеток на развојот на начелото на законитост и правна сигурност.
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
11
Q
  1. Што е тоа анекс, а што уставен амандман?
A
  • Во струтурата на помал број на устави како составен дел на уставот се јавуваат и посебни додатоци, или уште познати како анекси. Уставните амандмани се донесуваат после одредено време од донесувањето на уставот заради дополнување, менување или укинување на некои конкретни уставни одредби. Уставниот амандман се додава на крајот од Уставот, како негово продолжение. Уставниот амандман има сила на Устав, бидејќи станува збор за акт на власта која што уставот ја нарекува уставотворна власт.
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
12
Q

12.Што е тоа Уставен закон?

A

-Уставниот закон може да се донесе истовремено со основниот уставен текст. Тој претставува целина за себе. Со него по правило, се регулира материја која со уставот воопшто не е регулирана.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
13
Q
  1. Што е тоа преамбула?
A
  • Најголемиот број устави, покрај нормативниот дел, имаат и преамбула.
    Таа може, но и не мора да постои во структурата на уставот. Бидејќи не пропишуваат правила на однесување, преамбулите немаат правнообврзувачки карактер. Таа не е составена од членови, нејзиниот текст е слободен, свечен и со декларативна содржина, најчесто изнесена во една долга реченица , во која се наведени најзначајните историски настани или акти од минатото на државата, целите на новото уставно уредување, мотивите за донесување на уставот и слично.
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
14
Q
  1. Кога е донесен првиот устав на НРМ?
A
  • Првиот уставен период на Република Македонија почнува со донесувањето на првиот Устав од 31 декември 1946 година и трае до донесувањето на вториот целосен устав на 12 април 1963 година.
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
15
Q

15.Кога започнува вториот уставен период на Македонија?

A
  • Вториот уставен период на Република Македонија започнува со донесувањето на вториот целосен Устав на СРМ и траел до донесувањето на Уставот од 1974 година, со тоа што и во текот на овај период биле извршени неколку уставни промени.
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
16
Q
  1. Што е карактеристично за Уставот на СРМ од 1974 година?
A
  • За овој период е карактеристичен судирот помеѓу етатизмот и самоуправувањето така што овој устав не е повеќе само основен и највисок акт на државата, туку и своевидна општествена повелба.
17
Q
  1. Каков е Уставот на РМ од 1991 според својата концепција?
A
  • Уставот на РМ од 1991 година според својата концепција, спаѓа во редот на либерално-демократските устави кои се донесувани веќе во текот на XIX век и, со одредени измени , останаа владејачки и денес во демократските држави.
18
Q
  1. Од колку делови е составен нормативниот текст на Уставот на РМ?
A
  • Нормативниот текст на Уставот на РМ се состои од девет делови означени со римски бројки. Притоа, поголемиот дел од нив се единствена целина, а само два дела се поделени на посебни оддели означени со арапски бројки.
19
Q

19.На што е посветен вториот дел на Уставот на РМ?

A
  • Вториот дел на Уставот е најобемен и е посветен на основните слободи и права на човекот и граѓанинот. Тој е поделен на четири оддели и тоа:
    1.Граѓански и политички слободи и права;
    2.Економски, социјални и културни права;
    3.Гаранции на основните слободи и права;
    4.Основи на економксите односи.
20
Q
  1. Кој е најобемен дел на Уставот на РМ?
A
  • Вториот дел на Уставот е најобемен и е посветен на основните слободи и права на човекот и граѓанинот.
21
Q

21.Како член 1 став 1 од Уставот на РМ од 1991 година ја определува РМ?

A
  • Уставот на РМ од 17 ноември 1991 година на сосема нов начин ги определува основните карактеристики на државноста на РМ. Имено, според член 1 став 1 на Уставот “ Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава” .
22
Q
  1. Во што се состои значењето на темелните вредности?
A
  • Значењето на темелните вредности на уставниот поредок се огледа во тоа што тие на еден кондензиран начин ја осветлуваат концепцијата, структурата и содржината на Уставот која треба да биде во функција на негова цел како основен акт на земјата врз чии координати се поставуваат основите и рамките за развој на правото.
23
Q
  1. Објаснете го “владеењето на правото “ како темелна вредност!
A
  • Владеењето на правото подразбира подведување на сите органи на власта и поединци, под уставот и законот, односно подчинетост на правниот поредок. Владеењето на правото се спротиставува на самоволието и ги прави одговорни и казниви постапките надвор од правото на сите, па и на носителите на власта.
24
Q
  1. Кое начело на организација на власта е темелна вредност на уставниот поредок во РМ
A
  • Локалната самоуправа има добиено статус на темелна вредност на уставниот поредок. По своето историско потекло, значење , како и според тежненијата што ги изразува , локалната самоуправа во сите демократски устави, во крајна линија, ги изразува настојувањата и правата на луѓето повеќе или помалку самостојно да управуваат со работите во својата заедница.
25
Q
  1. Во кои случаи може да дојде до ограничување на слободата на движење и домување?
A
  • Тие ограничувања можат да се определат само со закон и тоа единствено кога е тоа потребно заради:
    1.заштита на безбедноста на Републиката
    2.водење на кривична постапка
    3.заштита на здравјето на луѓето
26
Q
  1. Како Уставот на РМ го определува интегритетот на личноста?
A
  • Интегритетот на човековата личност Уставот го определува на два начина:
    1. Се гарантира неприкосновеноста на физичкиот и моралниот интегритет на човекот, а се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување, како и присилната работа (член 11) ;
    2. На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.(член 25)
27
Q
  1. Објаснете ги начелата на нон бис ин идем и нуллум кримен, нулла поене, сине леге! (non bis in idem, nullum cirmen, nulla poene, sine lege)
A
  • Латинскиот израз nullum crimen, nulla poene, sine lege најексплицитно ја прокламира забраната за казнување за дело кое е извршено во време кога не било предвидено и за кое не била предвидена казна. Никој неможе да биде казнет за дело, кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или друг пропис дека е казниво дело, и за кое не била предвидена казна, никој неможе да се смета за виновен за казниво дело додека тоа не се утврди со правосилна судска одлука.
28
Q
  1. Објаснете го статусот на адвокатурата во РМ!
A
  • Адвокатурата ја вршат адвокатите , т.е. лица кои професионално се занимаваат со давање правна помош. Тоа се редовно лица кои стекнале правно образование, се оспособиле за давање правна помош и кои ги исполнуваат со закон утврдените услови за вршење на адвокатурата.
29
Q
  1. Што опфаќа правото на неповредливост на домот?
A
  • Тоа значи дека никој без одлука на судот, донесена врз основа на закон, не смее да влезе во туѓ стан и во други простории, ниту, пак, во нив да врши претрес против волјата на нивниот држател. На претресувањето има право да присуствува лицето чиј дом или простории се претставуваат, или член на неговото семејство, односно негов застапник, а претресувањето може да се врши само во присуство на двајца сведоци.
30
Q
  1. Објаснете го правото на тајност на писмата и другите облици на општење!
A
  • Битието на оваа тајност значи не само забрана за отварање на писмата и другите затворени пратки од страна на кој било освен од тој на кого се адресирани, туку и забрана на прислушкување телефонски разговори или употреба на другите облици на комуникација