4. Flashcards
(67 cards)
Што е група?
двајца или повеќе интерактивни и меѓузависни
поединци кои делуваат заедно за да остварат
определени цели
Како Kurt Lewin ја дефинира групата и како ја набљудува?
Тој ја дефинира групата како динамична целина во која постојано се случуваат промени.
Групата се набљудува како отворен систем кој се наоѓа во интеракција со други групи и ситеми
Што е групна динамика?
Изучувањето на групните процеси, активности, структури, интеракции и промени
групната динамика се одесува на силите кои дејствуваат во групата, кои влијаат на перформансите и задоволството на членовите
Групата како отворен систем
Групата може да се набљудува како отворен систем во кој разл влезови пореку процесот на нивна трансформација резултираат со два клучни излези изведба на задачата и одржување на човечките ресурси
Кои се факторите на влезот што заслужуваат менаџерско внимание
организациона рамка
природата на задачата
големината на групите
карактеристиките на членството
Организациона рамка
-влијае врз налинот на кој членовите на групата се однесуваат едни кон други и ги применуваат своите вештини за исполнување на задачите
-обезбедување на обемот на поддршка материјални ресурси, технологија, структури, награди
Природа на задачата
-се однеусва на тоа колку добро може групата да го насочи својот напор и колкутреба да биде интезивен групниот процес
-комплексни и едноставни задачи
-јасно или нејасно формулирани задолженија
Големина на групата
влијае преку
-број на членови
-пар-непар
Карактеристиките на членовите
влијае врз способноста на членовите да работат заедно
-способности
-вредности
-личност
Групен процес
трансформација
Начин на кој членовите меѓусебно работат и делуваат за да ги трансформираат влезовите во излези
колку е добра комуницакцијата, како е поставен процесот на донесување одлуки, како се однесува лидерот, како се надминуваат конфликти и сл
Излези на групниот процес
групна ефикасност
излези се:
-изведба на задачата (остварување на планираните цели и задачи на групата)
-оддржување на човечките ресури (цел на групата да ги одржи меѓучовечките врсни со цел да може и да сака во иднина да работи заедно)
Кои се предностите на групното одлучување?
-поголемо вкупно знаење и информации
-поголем број пристапи кон проблемот
-партиципација во решавањето на проблемите
го зголемува прифаќањето
-подобро разбирање на одлуката
Кои се слабостите на групното одлучување?
- групен притисок
- индивидуална доминација
- цврсто држење на одреден став
- конфликтни интереси
Кои фактори можат да се сметаат и за предности и за слабости во групното одлучување?
несогласување
конфликтни интереси
преземање ризик
потребно време
промени во мислењето
Кои фактори влијаат врз формирање на групите
-физички (локација, блискост)
-економски (економска корист)
-социопсихолошки
Како се делат социоекономските фактори?
-потреби за сигурност (заштита од групата)
-социјални потреби (здружување)
-потреби за почитување (престиж со припаѓање)
-потреби за самоостварување (личен раст и успех)
Видови формални групи според Robbins и Coulter?
-командни групи
основни групи определени од односите на формалниот авторитет и прикажани на организационата шема
-меѓуфункционални тимови
тимови кои им овозможуваат на поединци од различни деловни функции на организацијата со
своите знаења и вештини да придонесат во решавањето на оперативните проблеми во работењето
-самоуправни тимови
самонасочувани, самостојни тимови, автономни работни групи
-групи формирани за определена задача
привремени групи од вработени формирани заради остварување на определена задача.
Други видови формални групи
-проектен тим
сличен на групите формирани за определена задача обично, тој ја започнува операцијата и има целосна контрола врз определен работен проект
-кругави на квалитет
мали групи вработени од иста област здружени заедно за да решат определени
проблеми од аспект на квалитетот, продуктивноста или услугата.
-компјутерски поврзани групи
се базираат на комунникација заснована на компјутери
Што се неформални групи?
групи кои не се резултат на процесот на организирање, туку произлегуваат од личните контакти и интеракции на луѓето на работа, а како одговор на нивните социјални потреби
Какви видови неформални групи постојат?
-интересна група
се формира со здружување на луѓето заради остварување на определена цел, за која секој поединечно е заинтересиран.
-пријателска група
настанува кога поединците наоѓаат некои заеднички карактеристики и се дружат меѓу себе поради таквите карактеристики.
Кои се фазите на развој на групата
- формирање
- конфронтација на идеи
- нормирање
- извршување
- подготовка за расформирање
Формирање
- заради извршување на работните задачи вработените во орг стапуваат во формални групи, а поради лични интереси во неформални групи
- дефинирање на општата намера на групата, структурата и лидерството
*висок степен на неизвесност
Конфронтација на идеи
- фаза на интергрупен конфликт
- конфликит околу времето кое членовите ќе го посветат на задачата, приоритетите и начините
- со завршувањето на оваа фаза станува јасна хиерархијата на лидерство и се постигнува согласност за насочување на групата
*висок степен на емоционалност
Нормирање
-се развиваат потесни односи во групата и кохезија и кооперација меѓу членовите
-конфликтите се надминати
-има лидерство, членовите ги извршуваат своите улоги
-фазата завршува со воспоставување силна структура во групата однсно тогаш кога групата има заднички сет на очекувања за коректно однесување на членовите