Od prezentacii (izmisleni prashanja) Flashcards
(163 cards)
Што е сигнал?
Сигналот е бран кој се менува со текот на времето и најчесто носи информација која
е од интерес.
Што е звук?
Звукот е сигнал, вибрација, мали бранови на притисок во воздухот, аналоген процес, осцилирачки бран кој го следи шаблонот на движење горе/долу.
Што е осцилоскоп?
Осцилоскопот ја олицетворува идејата за аналогно. Претставува инструмент за набљудување и испитување на брзите промени што настануваат со осцилацијата предизвикана од електричниот сигнал. Тој во (скоро) реално време го црта сигналот на неговиот екран. Вредностите на напонот се обележуваат на вертикалната оска, додека хоризонталната оска го означува времето. Во основа осцилоскопот зема нешто прилично апстрактно - сигнал што варира со текот на времето и истото го визуелизира.
Што покажува фреквенцијата?
Фреквенцијата означува (покажува) колку често бранот се повторува во рамките на една секунда (“Повисока” нота = повеќе повторувања на бранот во секунда)
Што покажува амплитудата?
Амплитуда * колку високо/ниско бранот осцилира (јачината на бранот), поголеми (појаки) бранови = погласно
Што е интерференција?
Двата сигнали кои се случуваат исторемено, интерферираат (се
собираат) во воздухот
Објасни го аналогниот телефонски систем
◼Човекот зборува во микрофонот
◼ Микрофонот ги претвора звучните бранови во
електрични бранови
◼ Електричните бранови преку жиците патуваат
до другиот телефон
◼ На другиот телефон, звучникот има магнет
поврзан со мембрана која вибрира и ги
претвора електричните сигнали во звучни
бранови
Како функционираат аналогните грамофонски плочи
На нив, звучниот бран е снимен како
ридови и долини во пластичниот жлеб. Иглата за репродукција се движи низ
жлебот, трепка нагоре и надолу и
создава мал електричен сигнал
Што е шум и каде го има?
„Шум“ … Она што се појавува како мали
случајни поместувања во однос на
чистиот сигнал. Го има насекаде.
Што е дигитализација?
Процесот на трансформација на
аналогните сигнали во дигитални.
Што е компресија?
◼ Компресија е промена на начинот на
зачувување на податоците со цел да се
искористи што е можно помала меморија
Какви видови компресија постојат?
Компресија без загуба, во која сите
информации остануваат сочувани
(Lossless compression)
◼ Компресија со загуба, во која се губат
голем дел од информациите (Lossy
compression)
Колку помалку меморија зафаќа MP3 аудио компресија?
MP3 аудио компресија
◼ Многу делотворна, зафаќа околу 10
пати помала меморија, но истата е со
големи загуби
Каква компресија се користи кај сликите и колку меморија помалку зафаќа?
Вообичаено се кристи q70, кој зафаќа
околу 10 пати помала меморија
Што е бит и што се чува во битот?
binary digit, најмала единица за
складирање (налик на атомот)
* Во еден бит се чува 0 или 1
Што користи компјутерскиот чип, а што вртлив тврд диск?
Компјутерски чип користи електрицитет
* Вртлив тврд диск користи магнетизам
Што е бајт, и што го формира бајтот?
Бајт е мерната единица за информациски склад, Група од 8 битови формираат бајт (1 Byte = 8 Bits)
Од кого и кога е воведен изразот бајт?
Изразот бајт е воведен од Werner
Buchholz во 1956 год. при дизајнирање
на IBM сметачи
Колку различни шаблони може да се
направат со n битови?
2^n шаблони
Што е SI, а што IEC репрезентација?
Стандардна SI репрезентација (International System
of Units) - килобајти, мегабајти, гигабајти(1KB=1000B)
IEC (International Electrotechnical
Commission) репрезентација-кибибајти, мебибајти, гибибајти (1KiB=1024B)
Каква репрезентација користи Windows, SI или IEC?
Во Windows се користи IEC нотацијата па ако
погледнете во својствата на дискот, неговиот
капацитет ќе ви се прикаже како 74,56 GB, за диск со
капацитет од 250 GB ќе добиете 232 GB на
располагање
Колкав капацитет има стара 3ипол инчна дискета?
На една стара 3-1/2 инчна дискета може да
се зачуваат 1,44 Megabytes што е еквивалент
на мала книга.
Колкаво количество податоци
може да биде собрано на еден CDROM диск?
650 MB
Позициските бројни системи се
карактеризираат со:
¨основа (radix) – позитивен цел број
¨азбука – симболи со кои се претставуваат
цифрите
- Бројот на симболи е еднаков на
вредноста на основата