историја на јазик Flashcards
(124 cards)
Година на раѓање и смрт на Димитар Миладинов
1810-1862
Година на раѓање и смрт на Константин Миладинов
1830-1862
Кои се претставници на македонската преродба во XIX век
браќата Миладиновци
Родители на браќата Миладиновци
Ристо и Султана
Образование на Константин и Димитар Миладинови?
Завршиле основно образование во родната Струга (Димитар му бил учител на Константин), а гимназија во Јанина.
Константин студирал грчка филологија во Атина.
Што било пресудно Миладиновци да почнат да се занимаваат со собирачка дејност?
Средбата на Димитар со рускиот научник и славист Виктор Иванович Глигорович во училиштето во Охрид.
Кој бил вклучен во собирањето умотворби на Миладиновци
Константин, ДИмитар и брат им Наум
Учителствување на Димитар Миладинов
По завршувањето на гимназијата учителствувал во многу градови во Македонија. Најпрвин во Охрид, Струга, Кукуш, Битола, Прилеп, во с. Магарево, Битолско
Конфликтот на Димитар Миладинов со гркофилите
Бидејќи Македонија била под духовна власт од Цариградката патријаршија, Димитар Миладинов често доаѓал во конфликт со гркоманите. Така во Битола дошол во конфликт со митополитот Венедикт и ја напуштил Македонија. Учителствувал во Србија каде се запознал со нивниот живот.
Кога започнала собирачката дејност на Миладиновци
1845
Кога Димитар се враќа од Србија..
1856, го испраќа Константин за Русија да учи на филозофскиот факултет во Москва, словенска филологија
Константин Миладинов во Москва
Додека студира се разболува од туберкулоза (1859). Пробал во Русија да го отпечати зборникот но бил спречен од Цариградката патријаршија па оди накај дома (1860), го печати Зборникот(1861), но дознава (Белград) дека брат му е во Цариград затворен па оди кај него (1862)
Колку песни има напишено Константин Миладинов
15
песни на Константин Миладинов
Бисера, Желание, Шупељка, Голапче, Не-непијем, Побратимство, На чуждина, Душмание
колку препеви и на колку јазици има Тга за југ
70 препеви на 42 јазици
Кој го финансира печатењето на Зборникот
Јосип Јурај Штросмајер, поглавар на хрватската католичка црква
Кога и каде е испечатен Зборникот на Миладиновци
24 јуни 1861, во печатницата на Анте Јакиќ во Загреб
Колку песни содржи Зборникот на Миладиновци
660 песни од кои 584 македонски и 76 бугарски
Чиј се бугарските песни во Зборникот на Миладиновци
на фолклористот Васил Д. Чолаков
Како требало а како се вика Зборникот на Миладиновци
Пред печатењето зборникот требало да се вика Македонски народни песни но се вика „Б‘лгарски народни песни“
Што содржи Зборникот на Миладиновци
песни, свадбени обичаи од Струга и Кукуш, верувања, преданија, гатанки, пословици, мал мак-хрв. речник
Кој е основоположник на македонската уметничка поезија
Константин Миладинов
Црти на поезијата на Константин
-струшки говор
-поетските средства се преземени од народната поезија
-осмерец и десетерец
-интимна лирика, љубовна лирика, социјална лирика,
Година на раѓање и смрт на Кирил Пејчиновиќ
1771-1845