литература Flashcards
(173 cards)
Што е автобиографија?
Литературно-научен вид творба во која авторот го раскажува својот живот за сопствените доживувања а ги изнесува и условите во кои живее и работи. Научен вид е поради тоа што се темели на точни податоци, а уметнички е зашто авторот опишува сликовито и ги изнесува сопствените чувства.
Што е дневник
Дневник е творба во која точно и вистинито, по хронолошки ред, денот, месецот и годината на најважниот настани што му се случувцаат на авторот. Тој ги опишува своите чувства и мисли во врска со настанот или појавите во животот и природата
Најпознати дневници во македонската литература?
Блаже Конески - „Дневник по многу години“, Ташко Георгиевски - „Плоча на животот“, „Недовршен дневник на еден ученик“ - Стале Поповски-Цаци
Што е епитет?
Епитет е стилско изразно средство што стои до некој друг збор (најчесто до именка) и открива некоја битна особина на предметите, односно појавите или чувствата, искажани со именката. Со други зборови – епитетот е украсен додаток, ги дообјаснува именките. За епитети најчесто се употребуваат придавките.
Каков може да биде епитетот?
обичен (крвава роса,),
постојан – секогаш стојат со определени именки и се цврсто сраснати со нив; (лута змија, бело лице,) и
банален – непотребен (сладок мед, стара баба,).
Епитетот може да биде и удвоен: „Бунтовната лута пушка…
Што е компарација
Споредба или компарација е стилско изразно средство кое настанува кога нешто се споредува со друго нешто врз основа на некои заеднички особини. При споредувањето секогаш треба да има три члена: збор (предмет) кој се споредува, збор (предмет) со кој се споредува и збор кој ги поврзува двете споредби, а тоа е споредбениот сврзник како или ко.
Што е персонификација?
Персонификација е стилско изразно средство со кое на предметите, природните појави, апстрактните поими, на животните или на растенијата им се даваат човечки особини на живи суштества.
„Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј – на вик да плиска
тешкиот глас на новите химни“.
Што е ономатопеја?
Ономатопеја е стилско изразно средство со кое се имитираат звуци од природата, животински гласови или некои звуци што не потсетуваат на некој предмет. Она што во стилистиката е ономатопеја, во морфологијата се извиците.
Преку ономатопејата се добива претстава за вучната слика што настанува во природата.
„Пам, пам, пам!“ - запукаа пушки.
„Фиу, фиу, фиу!“ - свиреа куршумите крај Велета.
Што е метафора
скратена компарација
Метафора е стилско изразно средство со кое еден збор или поим се заменува со друг, барајќи некаква сличност меѓу нив.
Метафората како и споредбата има членови: поим кој се споредува и поим со кој се споредува, го нема сврзникот како и таа уште се нарекува скратена компарација.
„Срце до срце – од срцата кренавме ѕид“.
Што е хипербола
Хипербола е стилско изразно средство со кое нешто се преувеличува, најчесто нечии особини и можности. Со неа се претерува во нешто што не се совпаѓа со вистината.
…„ми купија таа остра сабја,
што се дипли дванаесет дипли,
што се носи во бела пазува,
што ми сече дрво и камења“.
Што е градација?
Градација е стилско изразно средство со кое чувствата се искажуваат (се редат, се степенуваат) според својата јачина, интензитет. Се почнува од најслабото, па кон најсилното чувство.
„Прва година помина
грутка в срце и легна,
втора година намиона
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата“.
Што е анафора?
Анафора е стилско изразно средство кое значи повторување на еден или повеќе зборови во почетокот на два или повеќе стихови едноподруго. Со употребата на анафората се засилува емоционалното чувство, се постигнува поголема изразност и рефлексивност.
„Да ми купиш робинчица,
да ми чува машко дете… “
Што е епифора?
Епифора е стилско изразно средство кое значи повторување на еден или на повеќе зборови на крајот од два или повеќе стихови едноподруго.
„Црнокосо невесто, о Лазаре!
Шчо си дворје не мело, о Лазаре!
Али чекаш Лазарки, о Лазаре“!
Што е апострофа
Апострофа е стилско изразно средство преку кое поетот им се обраќа на мртвите предмети или личности, на апстрактните поими или на некои отсутни личности како на живи и присутни суштества.
Ој, судбо, судбо клета проклета
што не раздели од најмилите“.
Што е симбол?
Симбол е стилско изразно средство со кое имињата на конкретните предмети или животни, како и имињата на одделни појави во природата се земаат како знаци, како слики за да се искаже мислата позбиено, посликовито. Пр.: крстот е симбол на христијанството, вагата е симбол на правдата, маслиновото гранче и гулабот се симбол на мирот, срцето е симбол на љубов итн.
Што е контраст
„Ќе ти пратам бела книга,
бела книга црно писмо,
бела книга црно писмо -
ем да читаш, ем да плачеш“!
Контраст е стилско изразно средство со кое се искажуваат спротивности.
Што е иронија?
„- Почекај, куче кическо!
Да видиш пушка как дупи,
да видиш сабја как
сече.“
Иронија е стилско изразно средство со кое на зборовите им се дава спротивно значење, спротивна моисла, од она кое тие го имаат во своето основно значење или нивно заменување. Со замената на зборовите се потсилува потсмевот спрема нешто или некого, но на прикриен начин.
Што е сарказам?
„Арап фрли тешка боздогана,
ја пречека Дојчин во десница.
-Чекај, чекај, гламјо опалена,
ти да видиш кој е Болен Дојчин“.
Сарказам е стилско изразно средство преку кое се искажува длабока навреда, големо понижување.
Кои се литературни родои
лирика, епика и драма
Што е драма?
Драма е литературна творба во проза или стих наменета за изведба за театарска претстава или филм
до кој литературен вид е поблиска драмата
Драмата е поблиска до епиката, бидејќи има настани (фабула), може да ја раскажеме, има ликови, тема, идеја, мотиви итн.
Во драмата има и наратор кој е невидлив.
Белези на драмата?
-дијалог, монолог
-драмско дејство
-простор и време
Исказ на лик?
говорот на ликовите меѓусебе или сами со себе
Во каква форма се пишуваат драмите?
Во дијалошка форма, односно, ликовите говорат меѓу себе директно, и монолошка форма, односно говор на еден од актерите