морфологија и фонетика Flashcards
(77 cards)
лични глаголски форми?
имаат лице, број, време и вид
Кои се нелични глаголски форми?
гл. придавка
гл. именка
гл. прилог
гл. л-форма
Што е глаголска именка?
Глаголска именка е именска форма на глаголот. Со неа се искажува трајно глаголско дејство. Таа го именува глаголското дејство.
род, број и определеност кај глаголска именка?
во среден род, може да се членува има множина и еднина
како се образува глаголска именка
-од несвршени глаголи и наставката -ње
-со свршени глаголи и наставката -ние или -тие
Што е глаголски прилог
Глаголски прилог е именска форма на глаголот и проста глаголска форма. Со глаголскиот прилог се искажува дејство што се врши паралелно со некое друго дејство во реченицата.
како се образува глаголски прилог?
несвршени глаголи и наставката: – јќи
како се однесуваат глаголските именки, глаголските прилози, глаголските придавка
иако означуваат дејство:
а) глаголските именки се однесуваат како именки т.е. менливи зборови и имаат род број и определеност
б)глаголските прилози се однесуваат како прилози т.е. неменливи зборови
в) глаголските придавки се однесуваат како придавки т.е менливи зборови и имаат род, број
дали глаголскиот прилог и личната глаголска форма во реченицата имаат ист подмет
да
Што е глаголска придавка
Глаголската придавка претставува преодна форма од глагол во придавка, но граматички се однесува како придавките.
Како се образува глаголска придавка?
-од несвршени или свршени глаголи и наставките -н, -на, -но; -ни;
и: -т, -та, -то; -ти.
Какви служби вршат глаголските придавки во речениците
глаголска или придавска
Кога глаголската придавка врши глаголска служба?
Кога е со помошниот глагол сум или има
На пример:
Имам плетено таков елек. (глаголска служба)
Кога глаголската придавка врши придавска служба?
Кога стои пред именката и е употребена како атрибут
На пример:
Таа носи плетен елек. (придавска служба)
Што е глаголска л-форма
Глаголска л-форма е именска форма на глаголот. Таа нема самостојна употреба во реченицата. Со неа, со помошниот глагол сум и честичката би, се градат некои сложени глаголски форми.
Како се образува глаголска л-форма
од свршени или несвршени глаголи и наставките -л, -ла, -ло, ле
род, број, определеност кај глаголска л-форма
нема промени по лица, но има три форми за трите рода во еднина и една форма во множина.
нема определеност
По што се разликуваат глаголските форми
Глаголски форми се разликуваат според тоа, дали се менува само глаголот (со наставки) или во склопот на формата има и некој друг збор освен основниот глагол.
Видови глаголски форми
прости и сложени
Што е прост глаголска форма
Прости глаголски форми се оние што го содржат само глаголот. Тука глаголот добива различни наставки (флексии)
Кои се прости глаголски форми
сегашно време, заповеден начин, минато определено (несвршено и свршено) време , глаголска л-форма, глаголска придавка, глаголска именка, глаголски прилог,
што се менува кај простите глаголски форми
зборот не го менува своето основно (лексичко) значење, туку само граматичкото.
Што е глаголска сложена форма
Сложени глаголски форми се оние кои освен основниот глагол содржат и друг дел, помошен глагол или честичка.
Како се образуваат сложени глаголски форми
сум, бев, ќе, би + глагол