1 Flashcards
(194 cards)
Која е градбена единица на нервниот систем?
Неврон -нервна клетка
Која е функцијата на нервниот систем?
-управува со сите други системи,
-пренесува дразби
-
Нервните клетки се размножуаат?
Неточно. Уништена нервна клетка не може да се обнови.
Што се дразбите?
Информации кои се претвараат во електрични и нервни импулси.
Градба на невронот?
Сома (тело) кое содржи јадро, цитоплазма и дендрити кои служат како рецептори.
Аксон (долг продолжеток, неврит), обвиен со миелинска обвивка и на крајот има нервни продолжетоци.
Која е функцијата на миелинската обвивка?
Го обложува аксонот со што го штити и им помага на електричните сигнали побрзо да се движат по должината на аксонот.
Како се пренесуваат дразбите?
Со синапса
Рефлексен лак?
дразба –> рецептор –> сетилен неврон –> ПНС –> мозок(ЦНС)–> моторен неврон –> ефектор
Какви можат да бидат невроните?
Аферентни (сетилни, сензорни)-пренесуваат дразби од местото на примање до ЦНС
Интерневрони (мешани)-Сите нерви кои влегуваат и излегуваат од рбетниот мозок и праќаат информации во двете насоки
Еферентни (моторони)-пренесуваат одговор на дразби од ЦНС до ефектор (мускул или жлезда)
Истото важи и за нервите-ако содржат само сензорни неврони ќе се сензорни нерви, и сензорни и моторни ќе се мешани итн.
Како се пренесуваат дразбите низ нервниот систем?
Со синапса
Што е синапса?
Синапса е врска помеѓу два неврони, мал простор што служи како канал за пренос на информации. Преку синапсата импулсите минуваат од една на друга нервна клетка.
Како е поделен нервниот систем?
На Централен нервен систем и периферен нервен систем (ЦНС и ПНС)
Черепниот и ‘рбетниот мозок се дел од кој НС?
ЦНС
Колку е долг рбетниот мозок?
45цм
Од што се состои ПНС?
12 пара черепни и 31 пар рбетни нерви
Од што се состои черепниот мозок?
Голем мозок, меѓумозок, среден мозок, продолжен мозок, мал мозок
Кој мозок има функција за одржување рамнотежа
Мал мозок
Кој е виден и слушен центар?
средниот мозок
Кој мозок ја регулира работата на органите?
Продолжен мозок-регулира срцева работа, дишење, крвен притисок, кивање, кашлање, повраќање, цицање, голтање, лачење дигестивен сок
Која е функцијата на големиот мозок?
Ја контролира цела волева и дел од неволевата активност на телото и учествува во менталните активности
Која е функцијата на меѓумозокот?
Центар за глад, жед и ситост, страв, бес, лутина, љубов, сексуален нагон, будна состојба и спиење)
Од што се состои меѓумозокот?
Од хипоталамус(контролира) и таламус(пренесува до голем мозок инфо)
Која е функцијата на ‘рбетниот мозок?
Тој е врска меѓу нервите и черепниот мозок. Пренесува сензорни дразби од нервите до черепниот мозок и моторни дразби од черепниот мозок до мускулите и жлездите.Како и рефлексни активности
Која е функцијата на автономниот/вегетативен нервен систем АНС?
Автономниот нервен систем е заслужен за сите неволеви функции кои ги врши нашето тело. Го поврзува мозокот со внатрешните органи.