ГИТ I - Диспепсија, Гастроезофагеална Рефлуксна Болест Flashcards
(8 cards)
Како се манифестираат гастритот, езофагитот и пептичниот улкус?
Диспепсија:
Киселини во епигастриум, исполмнетост, надуеност, нетолеранција на храна, гадење и повраќање.
Кои се причините за диспепсија/епигастрична неугодност?
Во 90% од случаевите:
- непептична диспепсија
- пептичен улкус
- ГЕРБ
- гастрит
Поретки: НСАИЛ, холелитијаза, синдром на иритирачки црева, езофагеален или гастричен рак, панкреатит, панкреасен рак, Zollinger-Ellison синдром.
Како ќе постапиш при прв контакт со пациентот?
Прво да се елиминираат итни состојби: пациенти кои се над 45 години и се презентираат со анорексија, дисфагија, перзистентно повраќање, ГИ крварења (хематемези, мелени), анемии…
Остатокот, кои немаат системски или загрозувачки состојби, нема некоја корелација помеќу диспепсијата и причината
Кои се трите стратегии за менаџирање на диспепсија?
- Емпириска терапија
- Дијагноза и лекување на H. pylori
- Иследување на ендоскопија
Наброј ги лекарствата и нивните дозирања кога станува збор за давање емпириска терапија?
- Антациди - половина час пред, два часа после јадење и пред легнување
- Хистамин Х2-антагонисти:^
Famotidine - 20mg BiD
Ranitidine - 150mg BiD - Ингибитори на протонска пумпа:^^
Pantoprazole 20-40mg qd
Omeprazole 20-40mg qd
Lanzoprazole 15-30mg qd
Rabeprazole 20mg qd
Esomeprazole 40mg qd
^ Треба да се почни со два пати денот, и да проба да се оди само со еднаш пред спиење
^^ Се даваат 30-60 минути пред јадење; кај хеликобактер се оди и со два пати на ден
Која е етиологијата на ГЕРБ?
Инциденцата се зголемува за време на бременост, пушење/алкохол, и обезност.
Фактори кои доведуваат до ГЕРБ: хијатална хернија, лабав гастроезофагеален сфинктер; хиперхлорхидрија;
Медикаменти: калциум антагонисти, бета агонисти, аминофилин;
Храна: кофеин, чоколадо (и други пр. вино, тесто исл)
Како се манифестира и дијагностицира ГЕРБ?
Најпрогностички знак е пироза која е ретростернална и ирадира од епигастриум кон грлото. Често се јавува после обемен оброк, легнување после јадење, или наведнување (кај дебели лица).
Ноктурна пироза која го буди пациентот од сон е исто така знак.
При дијагноза, прво исклучи сериозни болести (доколку има одинофагија, дисфагија исл). Овие се праќаат на интерно
Како ќе менаџираш ГЕРБ?
- Нефармаколошки: намалување на телесна тежина, прекин на пушење и алкохол, намалување на обемот на оброци, менаџирање на стрес
- Медикаментозно:
- прво почни со антациди или Х2-блокатори
- кај потешки оди директно со Х2-блок. или PPI
Иследувај 6-8 недели; доколку има рекурентни епизоди, размисли за препраќање на интерно - Други:
- можи да се даде прокинетик - метоклопрамид
- Мукопротектори (пример sucralfate)