Култура на Хелените - интересни податоци Flashcards

(3 cards)

1
Q

Како настанал светот според грчката митологија?

A

Според митот за настанокот на светот, во почетокот земјата, водата и небото не биле одвоени. Сè било измешано и се наоѓало во состојба на хаос. Потоа, од хаосот се издвоиле божицата Гаја (Земјата) и богот Уран (Небото). Од овој божествен пар се изродиле титаните и гигантите.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Кој бил Прометеј?

A

Хелените го славеле Прометеј како добротвор. Тој го украл огнот од боговите и им го подарил на луѓето. Поради тоа Зевс го казнил. Прометеј бил окован на карпа, а еден орел секој ден му го клукал џигерот. Од ваквите маки го ослободил Херакле.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Како се одвивале античките олимписки игри?

A

На првиот ден на прославата им се принесувале жртви на боговите. Судиите и натпреварувачите полагале заклетва пред жртвеникот и пред статуата на Зевс: едните, дека праведно ќе судат; друтите, дека чесно ќе се однесуваат; дека нема намерно да го повредат противникот и дека се подготвувале десет месеци. Можеле да се натпреваруваат само слободните и чесни Хелени. Свеченоста блескаво завршувала на петтиот ден. Во храмот на Зевс, на маса од злато и слонова коска, лежеле венци направени од дива маслинка. Победниците стапувале во храмот пред судиите. Судијата го обвиткувал челото на победникот со волнен конец и му ставал на главата маслинов венец. Гласникот го огласувал неговото име, името на татко му и на неговиот град. Овенчаните победници му принесувале жртва на Зевс.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly