Културата на Хелените - филозофија и наука, уметност Flashcards
(7 cards)
Што значи зборот филозоф?
Филозоф значи „љубител на мудрост“. Тие биле мудри луѓе кои поинаку ги објаснувале појавите во природата и општеството за разлика од објаснувањата што ги давале митологијата и религијата.
Кои биле најпознати филозофи?
Најпознати филозофи биле Сократ, Платон и Аристотел.
Како се развивала науката кај Хелените?
Хелените оствариле големи постигања и во
областа на науката. Особено биле развиени историјата, математиката, градежништвото и медицината.
Кој е татко на историјата? Кои други историчари ги знаеш?
Најпознат историчар бил Херодот, кој бил наречен
„татко на историјата“. Мошне ценети историчари
биле и Тукидид и Ксенофонт.
Кои се најубави и најпознати градби на старите Хелени?
Хелените биле добри мајстори и изработиле прекрасни уметнички дела, кои и денес одушевуваат со својата убавина. Најубави градби биле храмовите. Најпознат бил храмот
Партенон во Атина.
Зошто? Што имало во храмовите?
Во храмовите се наоѓале статуи на боговите и на божиците, што ги изработувале вешти вајари. Внатрешноста на храмовите и на другите јавни згради била украсувана со слики од митологијата, религијата и од секојдневниот живот на Хелените.
Кои се најпознати вајарски дела?
Од вајарските дела најпознати се: Фрлач на диск, Носач на копје и други.