Стара Атина Flashcards
(21 cards)
Каде се наоѓал градот држава Атина и како се викале неговите жители?
Градот Атина се наоѓал на полуостровот Атика, близу до морето. Освен градот, државата ја сочинувале и околните селски населби. Сите жители на Атика се нарекуваат Атињани, по името на главниот град.
Со што се занимавало населението на Атина?
Со занаетчиство, трговија и морепловство.
Како се делело населението на Атина?
Тоа се делело на аристократи (благородници),
демос (народ) и робови.
Кои биле аристократите?
Аристократите биле видни граѓани. Тие поседувале големи земјишни имоти и во прво време ја имале
целата власт во државата.
Што е демос?
Демосот бил најброен, но во прво време немал право да учествува во управувањето со државата.
Него го сочинувале селаните, занаетчиите и
трговците.
Какви права имале робовите?
Робовите немале никакви права. Тие ги работеле најтешките работи.
Кој ја водел државата Атина?
Градот-држава Атина ја водел крал. Тој бил главен заповедник на војската, врховен свештеник и врховен судија во државата.
Дали само кралот ја водел државата?
Не, освен кралот, имало и Совет на старешини,
составен од видни благородници. Имало и Народно
собрание, што го сочинувале сите полнолетни мажи.
Кој ја водел државата по укинувањето на кралската власт?
По укинувањето на кралската власт со државата управувал Совет од девет управители, наречени архонти, кои биле избирани секоја година.
Зошто имало реформи?
Припадниците на демосот не биле задоволни
од својата положба во државата и барале поголеми права. Аристократите била принудена да попуштат.
Тие прифатиле да се направат извесни реформи,
промени во уредувањето на државата.
Кои биле најпознати реформатори во Атина?
Атина имала двајца големи реформатори:
Солон и Клејстен.
Што биле резултатите од реформите?
Со реформите, демосот добил поголеми права.
Сите слободни граѓани на Атина добиле право да
учествуваат во управувањето со државата. Со тоа
завршила долгата борба на демосот со аристократијата, во која победил демосот.
Во Атина било воведено демократско уредување, или владеење на демосот. Таа станала демократска држава. Најголема власт имало Народното собрание, кое го сочинувале сите слободни полнолетни граѓани. Народното собрание ги
избирало државните органи и ја контролирало нивната работа. Собранието решавало со мнозинство гласови.
Кога Атинската држава и демократијата во неа
постигнале најголем напредок и зошто? Кој ја водел?
Атинската држава и демократијата во неа
постигнале најголем напредок во петтиот век пред
н.е. Тогаш на чело на државата се наоѓал водачот
на демократите, Перикле. Во негово време Атина
доживеала силен стопански развој: таа станала
економски и културен центар на цела Хелада. Преку своето пристаниште Пиреј, Атина одржувала трговски врски со другите хеленски градови-држави и со многу подалечни земји.
Дали градовите држави биле обединети и сложни?
Не, најчесто биле лути соперници и непријатели и војувале меѓу себе.
Дали има примери кога се обединиле?
Да за време на Грчко-персиските војни, во кои Хелените се одбраниле од големото Персиско кралство.
Кои познати битки ги знаеш од тоа време?
Познати битки во кои се раскажува на храброста на хеленските борци се битките кај Маратон, кај Термопилите и кај Платаја.
Дали некогаш формирале сојузи? Кои се најпознати?
Хеленските градови-држави понекогаш се
здружувале меѓу себе и создавале силни сојузи.
Најпознати биле Пелопонескиот сојуз и Атинскиот
поморски сојуз.
Кој бил дел од Пелопонескиот сојуз и кој го водел?
Во Пелопонескиот сојуз влегле полисите што се наоѓале на Пелопонес. Раководна улога во Сојузот имала Спарта.
Кој бил дел од Атинскиот поморски
сојуз и кој го водел?
Атинскиот поморски сојуз го сочинувале полисите што се наоѓале покрај морскиот брег или на островите на Хелада. Водечка улога во Сојузот имала Атина.
Дали биле сојузници? Или војувале? Кој победил?
Меѓу двата сојуза постоело соперништво, особено во трговијата. Тоа било причина меѓу нив да избувне војна. Оваа војна се водела во втората половина на петтиот век пред н.е. и е позната под името Пелопонеска војна. Војната им донела многу несреќи на Хелените. Многу градови биле разурнати, а земјата била опустошена. Пелопонескиот сојуз извојувал победа во војната, а Спарта добила превласт во цела Хелада. Сепак, и нејзината превласт траела кусо. Набргу зајакнала Теба, која успеала да ја победи Спарта на бојно поле и кусо време да стане предводник на Хелените.
Каква била трговијата во Хелада?
Во Хелада имало мошне поволни услови за развој на трговијата, особено на поморската трговија. Хелените биле вешти морепловци и добри трговци. Хеленските градови-држави тргувале меѓу себе и со своите колонии. Од колониите најмногу се носело жито. Исто така, се тргувало и со занаетчиски производи. Хелените имале трговски врски и со соседните, и со подалечните земји.