Културата на Хелените - книжевност и театар Flashcards
(6 cards)
Кои познати епови ги напишал Хомер?
„Илијада“ и „Одисеја“
Какви се книжевни дела пишувале Хелените?
Хелените пишувале епови како и лирски песни, во кои ги изразувале личните чувства: љубовта, омразата, радоста, тагата.
Како настанал театарот во Хелада?
Театарот имал важна улога во животот на Хелените. Театарските претстави настанале од свеченостите што биле приредувани во чест на Дионис – богот на виното и веселбата.
Што се трагедии?
Театарските дела за несреќни настани и со тажен крај се викале трагедии.
Што се комедии?
Театарските дела за весели и смешни настани се викале комедии.
Кои се најпознати автори на трагедии и комедии?
Најпознати автори на трагедии биле Ајсхил, Софокле и Еврипид, а најпознат автор на комедии бил Аристофан.