Спарта - основање, население, државно уредување Flashcards
(9 cards)
Кој ја основал Спарта и кога?
Според преданијата, Спарта била основана од воинственото племе Дорци. Тие продреле на полуостровот Пелопонес од север. Во неговиот јужен дел, во областа Лаконија, во деветтиот век пред н.е. го основале градот Спарта. По него го добиле името Спартанци. Спарта станала силна војничка држава.
Како се делело населението на Спарта?
Населението на Спарта се делело на спартијати, периојки и хејлоти.
Кои биле спартијати?
Спартијатите ја имале сета власт во државата. Тие биле војници, постојано подготвени за воена акција.
Кои биле периојки?
Периојките се занимавале со земјоделство, занаетчиство и трговија. Тие плаќале даноци на државата, но немале никакви права и не учествувале во власта.
Кои биле хејлоти?
Хејлотите биле најбројни. Тие биле еден вид државни робови. Живееле во селата и се занимавале со земјоделство, а приходите од земјата и ги давале на државата, за издржување на спартијатите.
Какво било државното уредување на Спарта?
Спарта имала многу едноставно уредување составено од два крала, Совет на старци и Народно собрание.
Какви овластувања имале кралевите?
На чело на државата стоеле два крала. За време на војна тие заповедале со војската и имале неограничена власт.
Од кого бил составен Советот на старците? Какви овластувања имал?
Освен кралевите, со државата управувал и Советот на старците. Него го сочинувале 28 луѓе постари од 60 години, како и двајцата кралеви. Советот објавувал војна и склучувал мир, а бил и врховен суд во државата. И
Кој бил дел од Народното собрание?
Народното собрание го сочинувале сите Спартанци што имале наполнето триесет години.