Хелада - колонизација, градови држави Flashcards
(5 cards)
Зошто во колонизацијата најмногу учествувале селаните?
Во Хелада имало малку плодна земја. Некои луѓе биле големи земјопоседници, но за многумина немало слободно парче земја. Поради тоа, Хелените се иселувале од земјата и основале нови населби, наречени колонии. Најмногу колонии биле основани на бреговите на Црното, Средоземното и Јадранското Море. Колониите најчесто ги основале посиромашните селани, кои во новите краеви барале плодна земја. Покрај селаните во колониите имало и занаетчии и трговци.
Како се развивале колониите?
Некои колонии станале важни земјоделски и трговско-занаетчиски центри, кои ги задржале врските со градовите од каде што се доселиле. Често се случувало колониите да станат поголеми и побогати од својата матица. Колониите многу придонеле за развојот на економските и на трговските врски, како и за ширењето на хеленската култура во соседните земји.
Какви држави создале Хелените?
Хелените населиле пространи територии, но во својата земја никогаш не создале единствена држава. Хелада била поделена на многубројни мали градови-држави, наречени полиси. Секоја таква држава ја сочинувал градот (полисот) со околината.
Кој управувал со државите градови - полиси?
Во најстаро време, со државата управувал крал. Тој бил командант на војската за време на војна, а ги вршел и должностите на врховен свештеник и судија. Освен кралот, имало и Совет на старци и Народно собрание, кое го сочинувале сите слободни мажи, способни да носат оружје.
Кои биле најпознати градови-држави?
Најпознати градови-држави во Хелада биле: Спарта, Атина, Теба и Коринт.