Инфекции Во Хирургијата 1 Flashcards
(7 cards)
Фоликулит
• Локализирано гнојно воспаление на коренот на влакното. Најчесто од S. aureus. Екстензивно потење, влажност, овезитас се ризик фактори.
• Палула или пустила на некое влакно која печи и чеша. Најчеста локализација е лице, глутеалнс и пубична регија.
• Лекувањето е со локален антисептик
Фурункул
• Настанува од фоликулит, и од истиот стафилокок. Тоа претставува гнојни воспаление на фоликулата и парафоликуларното масно ткиво. Често се јавува кај исцрпени особи, алкохоличари и дијабетичари.
• Се јавува како фоликулит, и се проширува. Еритем, оптегната, натечена, топла и црвена кожа; поз. флуктуација. По извесно време некротизира и настанува фистула преку која се цеди.
Опасни места: горен дел на лице -> менингит, каверозен синус воспал.
Компликации: бактериемија и секундарни жаришта
• Физикален наод, брис.
• Инцизија и екскохлеација на гној и некротично ткиво, со секојдневно превивање на завој. Можи да се мачка со јод.
Антибиотици системски (пеницилин, Цефалоспорин)
Карбункул
• претставува фурункул + субкитис. Од повеќе фурункули/фоликулити. S. aureus.
• локален едем, еритем, некротични чепови; регионален лимфаденит; општо инфективни симптоми.
• Општа кл. слика, лабораториски се гледа неутрофилија, забрзана седимент., покачен ЦРП).
• Хоспитализација, антибиограм антибиотици i.v. (пеницилин, Цефалоспорин) а потоа се преминува per os., Ексцизија хируршка (пластична реконструкција*)
Флегмона (Целулит)
• дифузно, гнојно воспаление на сврзно ткиво кое најчесто е на подкожјето, а можи да е и на првично сврзно ткиво, ретроперитонеално, орбита исл.
- Стафилококна флегмона е спора; влегува преку оштет. кожа која е темноцрвена, топла и болна. После неколку дена има меурчиња и некрот. жаришта;
- Стрептококна флегмона е брза, нагла која е дифузна и тешко ограничена од здраво ткиво.
• освен локални симпт, имаме регионален лимфангит/лимфаденит и општо симптоми. Некогаш предизвикува септикемија.
• Антибиограм (пениц., цефал.), Инцизија и дренажа, понекогаш инцизија и на фасција.
Апсцес
• шиплива колекција со гној (поради некоагул. на артериоли и некроза на ткивото) исполнет од бактерии и неутрофили, маргинализирани со капсула. Можи да настане егзогено,мило хематогено доспевање на бактерии.
Со тек на време можи да избие надвор, или во некој друг внатрешен простор (фистулација).
• инцизија со дренажа (аспирација*), и антибиотици. Да се пази да не се дисеминира воспалителната маса.
Hidradenitis supurativa
• Гнојни воспаление на апокрините жлезди. Генетска предиспозиција, гојазност, потење/влажна нечиста кожа.
• болен фурункоиден инфилтрат под пазуви, препони, аногенитална регија. Подоцна се јавува фистулација/секреција пурулентна.
• Инцизија и дренажа; антибиотици системски (Еритромицин, Тетрациклини)
Некротизирачки фасцит
• воспаление на мекоткивни субкутани структури долж (и со) мускулните површни фасции. Узроци: пиогени, хемолитички и анаеробни стрептококи.
Извор е влезна рана, некогаш нема. Најчесто кај дијабетичари, стари лица, атеросклеротични.
• Локално воспаление, кожата е темноцрвена до црна, на допир е тврдо како штица. Системски симптоми.
• Лекување со антибиотици (пеницилин) по антибиограм во високи дози
•Индикации за операција се: тешко општо стање; влошување/нема подобрување во наредни 24-48 часа; во раната има премногу некротичен содржај (обемен смеѓав исцедок)
Се прават надолжни инцизии (кутис, субкутис, фасција), се отстранува цело некротични ткиво, се ставаат влажни и суви тупфери кои се менуваат секои 6 часа. По потреба проширување на инцизијата.
Смртност: 20-30% !!!