Хируршки Болен 2 (Вода, Електролити и Инфузии) Flashcards
Хиповолемија
Акутна: тахикардија, хипотензија, олигурија;
Хронична: намален тургор на кожа, жед, пореметена телесна темп. промена во свеста
L = 0.6 x TT/kg x [1-(140/Na)]
Лечење: првите 8 часа половина од потребата, се прави клинички преглед, после наредните 8 часа другата половина
Се иследува диуреза, централен венски притисок, хематокрит
Хиперволемија
Најчесто прекумерна инфузија, поретко бубрежна инсуфициенција, хипоалбуминемија, срцева инсуф. зголемен ADH
Едеми и асцит, кај инсуфициентно срце можи и белодробен еден
Намален внес на течности, диуретици (пази на калиум!!!)
Хипонатремија
Концентрација <130mmol/L
- Намалена конц. на Na (намален внес, диуретици, инсуф. на надбубрежна жлезда, бубрежна инсуф.)
- Нормална конц. на Na (зголемен ADH -> зголемена задршка на вода)
- Хипергликемија-отежнато мерење на натриум (лажна хипонатремија!)
Иритабилност, појачани длабоки тетивни рефлекси, грчеви и конвулзии
Етиолошки лечење; хипертоничен NaCl раствор, *превентивно диуретик (поради хиперволемија и плуќен едем)
Хипернатремија
Концентрација >145mmol/L
Преголем внес (инфузија), губење на вода (сонда, стома, дијареа, зголем. диуреза)
Тахикардија, хипотензија, агитација, конвулзија, симптоми на дехидрација*
Намален внес, давање чиста (или хипотонична?) вода, *диуретици за превенција
Хипокалемија
Концентрација <3.5 mmol/L
Намален внес (гладување, анорексија)
Диуретици*!!!
Загуба преку сонда, стома, фистула, проливи
Депресија на ЦНС, срцев (и скелетен) мускул; срцеви аритмии (рамен/инверзен Т бран, U бран, ST депресија, продолжен PR интервал, проширен QRS комплекс); функционален илеус
Етиолошки лечење, надохнада на калиум со инфузија
mEq KCl=K(norm) - K(серум)/ 5xTT/kg
Хиперкалемија
Концентрација >5 mmol/L
Бубрежна инсуф. масивни трансфузии, масивни крварења во гит, ацидоза.
Надразливост (мачнина, пролив, повраќање, грчеви), срцев блок и застој.
EKG: оштар Т бран, проширен QRS
Лечење (особено над 7 mmol/L):
- 10-30 мл 10% раствор калциев глуконат i.v. 5-10 мин. (за стабилизирање на миокардот)
- 10-20 единици кристален инсулин со 50мл 50% раствор глукоза (стимулира калиумова апсорпција во клетки, трае 2-3 часа)
- натриум хидроген карбонат 1-3 ампули i.v. снижува калиум во серум (поради пуфеирање)
- јонски изменувачи (пер ос или клизма), врзуваат калиум преку гит; можи да настани опстипација
Хипохлоремија
Концентрација <90 mmol/L
Губиток (сонда, повраќање), хипотонични раствори.
*При губење хлор од гит, се губи калиум а се задржуваат бикарбонати -> хипохлоремиска хипокалемиска алкалоза!
Надохнада со NaCl, по потреба KCl
Снижена концентрација на бикарбонати - метаболни ацидоза
Анаеробен метаболизам, намалено производство на бикарбонати од страна на бубрегот
Етиолошки лечење, хемодијализа, надохнада на бикарбонати (особено кај поремете ацидобазен статус)
Зголемена концентрација на бикарбонати - метаболни алкалоза
Зголемен внес на бикарбонати, голема количина кристалоидни инфузии
Прекин на давање бикарбонати или кристалоиди, надохнада волумен со чиста вода, хемодијализа
Зошто се даваат инфузиски раствори?
Какви видови има?
За да надохнадиме загуба на вода и електролити поради природни загуби и, особено, при патолошки губиток (проливи, повраќање, гастрична сонда, илеостома, фистули, илеус, перитонит, сепса идр)
Кристалоидни раствори (електролити и шеќери)
Колоидни раствори (протеини)
Видови кристалоидни раствори
vs видови на колоидни раствори?
- Изотонични (0.9% NaCl, 5% глукоза, рингеров раствор
- Хипотонични (0.45% NaCl)
- Хипертонични (3% NaCl, 10% глукоза)
HES, декстран, манитол. (декстран делува на коагулабилноста*)
Кога се прави надохнада на телесни течности?
- Во тек на операција:
- пред оп. се коригира волуменот
- во тек на операција 0.5-1 Л Рингеров раствор (зависи од пациент загуба на крв, диуреза исл)
- доколку изгуби повеќе од 500мл крв, трансфузија! - После операција:
- се дава рингеров раствор врз база на кл. статус; за таа цел се иследуваат електролитен и ацидобазен статус првите 1-2 дена
- подоцна се надохнадувс со раствор на глукоза
Хиперхлоремија
Концентрација >110 mmol/L
Преголеми количини на NaCl инфузии;
При хиперхлор. бикарбонати влегуваат во клетки ради електрохемиски баланс, но предизвикуваат ацидоза;
Прекин на давање хлориди, и давање на чиста вода